Светот во средата го забележа 200 милионитиот регистриран случаj на инфекција со коронавирус, застрашувачка бројка што е повеќе од популацијата на Германија, Франција и Шпанија заедно, пишува Њујорк Тајмс.
Беше потребно повеќе од една година за пандемијата да достигне 100 милиони случаи, а малку повеќе од шест месеци за да се удвои, според Универзитетот Џонсон Хопкинс.
Бројот на починати од вирусот е исто така неверојатен. Глобалниот биланс е најмалку 4.25 милиони – вклучувајќи 614.000 смртни случаи во САД, 558.000 во Бразил и 425.000 во Индија. Мексико забележа повеќе од 240.000 жртви, а Перу речиси 200.000. Велика Британија, Колумбија, Франција, Италија и Русија имаа по 100.000 смртни случаи.