ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мали потсетници

August 5, 2021 09:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Билјана Арсовска

Билјана Арсовска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

Колку пати сте се изгубиле себеси дури сте итале по некоја друга личност?

Можеме до бесконечност да се преправаме дека ова е време кога се учи да се делува според законите на разумот, а не на срцето. Можеме да глумиме ладни, празни, недопирливи. Можеме да зборуваме за тоа колку е убаво кога си сам, колку е прекрасно кога нема кој да те повреди и колку е фино кога немаш емоции. Да имав по еден долар за секојпат кога сум кажала „Сама сум најдобра“, веројатно сега ќе можев да си дозволам приватна јахта на којашто би крстарела низ Јонското море цело лето. Сама, нормално.

Не сакам да бидам баш јас таа што ќе ви ја сруши оваа замисла, ама, еве ме: Да бидеш празен значи да немаш што да дадеш. Сè што правиш е потиснување на она што многу кажале дека е всушност смислата на животот: способност да сакаш и да оставиш простор да бидеш сакан.

Неодамна, бришејќи ѝ ги солзите на мојата најдобра другарка, сфатив дека тоа што ѝ се случува е почеток на нешто прекрасно. Замислете колку длабоко го преиспитуваше нашето другарство и мојот степен на лудило во оној момент кога таа – скршена од болка заради „кретенот“ што го сакала од 2013, ме слушна како и кажувам дека сум многу среќна за неа и дека ја очекува најубавиот период од нејзиниот живот?!

После таа вечер, имам една теорија за пријателството, а тоа е дека само вистинските другари ќе те затворат во метар на метар тоалет и ќе ти се дерат дури не се свестиш што си, кој си, колку вредиш и што (не) заслужуваш. Болката на мојата другарка е и моја болка, баш затоа таа вечер избувнав и го направив тоа што го направив. Не можев да останам имуна на нејзините изјави дека не сака повеќе да чувствува, дека е изморена од тоа да биде тажна, да зависи од постапките на дотичниот и да заспива со солзи. Тоа што и го кажав, пардон, тоа што ѝ се дерев колку што ме држеше гласот, е дека тоа што чувствува толку длабоко и тоа што е способна да сака така чисто и искрено е најпрекрасното нешто што постои на овој свет. Проблемот е што својата љубов, внимание и емоции премногу долго ги насочувала кон погрешната личност. Тоа што сакав да го кажам со ‘најдоброто допрва доаѓа’ е дека со тоа што го допре дното со оваа погрешна личност, нема да има друга опција освен да научи да се сака себеси, да почне од нула и повторно да се заљуби во животот.

“Верувај ми – кога е вистинско, сè што сакаш немилосрдно – ќе те сака назад со истата убеденост. Верувај ми – кога е правилно, работите по кои што посегаш во животот, работите за кои што длабоко се надеваш, ќе посегнат назад кон тебе. И ти ветувам, кога ќе ти се случи тоа, вистинското, ќе знаеш дека сите работи за кои што си патела и не успеале, сите срца кои што не умееле да го ценат домот кој си го направила за нив во себе, не биле она што те скршило, уништило или направило помалку вредна. Не, напротив. Ќе научиш дека тоа е она што те изградило. Тие ти кажале за тебе. Тие направиле да станеш онаа личност која што си денес. Тие ќе те однесат до вистинската личност за тебе. Погрешните, кретените, кукавиците – тоа се оние луѓе кои што те обликуваат. Те освестуваат. Те предизвикуваат. Од тебе прават поголема личност, дури тие самите остануваат да ги играат своите мали, јадни улоги на насочувачи.

Не бркај луѓе коишто не те бркаат тебе. Не си за секој и тоа е твојата моќ.

Ќе има моменти кога ќе се чувствуваш дека е најдобро да бидеш сама – онаму каде што е безбедно и не треба да ризикуваш да бидеш осудувана или срцето да го ставиш во рацете на оние кои можат да го скршат. Но, најдобрата работа што некогаш ќе ја направиш е тоа да бидеш отворена кон овој свет. Верувај ѝ на својата љубопитност, без неа душата ќе ти дехидрира. Не  го стишувај срцебиењето, и знај дека моментите што ти го одземаат здивот се случуваат кога ќе се соочиш со стравот и храбро ќе го направиш тоа што ти го посакува срцето.

Луѓето се како музеи – исполнети се со историја којашто повеќе не можат да ја допрат ниту променат. Помири се со спомените, научи ја лекцијата и продолжи напред.

Престани да се измачуваш себеси прашувајќи се зошто не умеат да го сакаат твоето срце големо колку Водно. Вистината е дека ти не си онаа далечна ѕвезда која што мислеше дека си. Ти си целата вселена! А, не секој е астронаут.

Многу набрзо ќе сфатиш, дека не си била заљубена во тој човек, туку во сликата која што си ја креирала за него во твојата глава. А, тоа е најлош начин на заљубеност. Ќе научиш дека нема друг пат на кој што можеш да тргнеш освен оној на кој што ти учиш како да се сакаш себеси. Ќе научиш дека во тебе владее вечно лето.

Душата, како градина, ќе си ја копаш и дотераш, наместо да чекаш некој друг да ти донесе цвеќиња. А, срцето, како сложувалка со 1000 парчиња ќе си го составиш сама. Ти си таа што ги поднесува сите порази, ти си таа што собира сила да се исправи секојпат кога со образот ќе го допре дното. Ти си твојот дом. Ти си љубов. Ти си комплетна. Ти си доволна.


Текстот е личен став на Авторката. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk