ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Рапиден раст на нови ковид случаи, 378 новозаразени, aктивни седум пожари, екипите се борат со огнените стихии, приведени подметнувачи на пожари

August 7, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 378 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 25 пациенти, едно починато лице. Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод  – по 1.

ЦУК: Активни седум пожари, екипите се справуваат на терен. Пожарот на местото викано Бајаз Тепе се уште е активен кај на потегот од селото Будинарци кон селото Разловци, но со намален интензитет, без појава на ветер и полесно може да се следи. На него дејствуваат веќе постоечките екипи од АРСМ, ШС Равна река, ШС Малешево, ТППЕ Берово, ДЗС, РЦУК Берово, месно население, како и помош од Р. Бугарија, Р. Словенија и Р. Австрија. Хеликоптерите се постојано активни и канадерот од Романија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 15:00 часот.

Заев: Повеќе пожари локализирани, се преземаат дејствија да се локализира и пожарот меѓу Берово, Пехчево и Делчево. Јас верувам дека секако ќе се заштитат човечките животи, имотите овде. Важно е да се делува од сите страни…. Значи, се преземаат сите дејствија за да може да се локализира и ова најголемо жариште во државата, а тоа е пожарот помеѓу Берово, Пехчево и Делчево буквално што е некаде во радиус од 50 километри, изјави премиерот Заев.

Заев на терен, Мицкоски држи параполитички пресови од климатизираниот Медија центар во прескапиот бел дворец.

Пристигна авионот C 27 Spartan од Романија, веднаш се вклучува во гасењето во кризните подрачја. „НАТО сојузниците реагираат брзо и ефикасно!, напиша Шекеринска.

 (ВИДЕО) Зголемена ефикасноста, хеликоптерите слетуваат на импровизиран хелиодром близу кризните точки да полнат гориво. Командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковникот Стојко Пејовски порача дека со ова поставување се скратува времето на дејствување од скопскиот аеродром, воздухопловите остануваат блиску до теренот и циклусите на земање на вода и доведување на водата до опожарените подрачја драстично се скратуваат.

Приведени три лица осомничени за предизвикување на пожарот над скопско Страхојадица. Како што информираат од Министерството за внатрешни рабти, полициските службеници на местото од каде започнал пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но, биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли.

Навремено откриени девет пожари во Охридско, патроли на пунктови на шумски терени. Заради поефикасна борба, СВР-Охрид ги вклучи и сите други расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем, велат од СВР Охрид.

Полициски службеници од ЕБР и гранична полиција во спасувачката акција над село Разловци. Министерството за внатрешни работи, во изминатото деноноќие, ангажираше околу 616 полициски службеници, 224 мото-патроли и 189 возила во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на целата територија на Република Северна Македонија.

Хелсиншки комитет за човекови права: Институциите итно да им помогнат на граѓаните кои претрпеа штета од пожарите.

Кривична пријава за млада жена од Соколарци за ширење на видео материјал со недолична содржина.
И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скопскиот водовод со намален притисок и прекини на вода, апел за рационално користење

July 23, 2025

Во Охрид осмо издание на Beach Film Festival

July 23, 2025

На Табановце за влез и на Богородица за излез од државата се чека 30 до 40 минути

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk