ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Дебар расте бројот на заразени со Ковид-19, а ретко кој почитува мерки

August 8, 2021 18:18
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Дебар се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19, каде во последните два дена опасниот вирус е потврден кај 15 лица, од оваа и од Општина Центар Жупа.

Десет од нив веќе се внесени во денешниот извештај на Министертвото за здравство, додека за пет потврдата е добиена подоцна.

– Епидемиолошката состојба се влошува, а бројките се само потврда дека вирусот сè уште е меѓу нас и се шири. Невнимателноста на самите граѓани и непочитувањето на мерките се причина повеќе за ширењето на вирусот. Тука секако масовното присуство на иселениците и одржувањето на разни домашни веселби, изјави за МИА, Арбијон Колари, лекар во Ковид-центарот при Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Од таму додаваат дека во Центарот се хоспитализирани две лица, кои се на кислородна поддршка.

– Апелираме до граѓаните и деловните субјекти строго да ги почитуваат мерките и протоколите. Дополнително ги замолуваме граѓаните кои сеуште не се вакцинирале, да не се двоумат туку да се имунизираат, за што не е потребен претходно закажан термин, туку само да се јават во нашата модуларна болница, апелира докторот.

Со новите заразени во двете општини моментно активни на болеста се 51 лице, од нив кај 34 вирусот е дијагностициран овој месец. Меѓу заразените има и иселеници од САД и Италија, кои летниот одмор го минуваат во родните места.

Јавна тајна е дека бројот е многу повисок, затоа што дел од оние кои се погодени од вирусот, а се со благи симптоми не доаѓаат за лекарска услуга.

Но, и покрај загрижувачкиот раст она што може да се види насекаде во градот и населените места е фактот дека само мал број од граѓаните носат заштитни маски во затворен простор, растојание не се одржува, а секојдневно има по повеќе веселби, свадби, сунети и свршувачки, со големо присуство на гости./МИА/.

Next Post

Главниот штаб при ЦУК ги договара утрешните активности

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk