пишува: РИБАРО
Откако врз основа на препорака на Комисијата за заразни болести, беа донесени одлуки за зајакнати контроли на постоечките анти-КОВИД мерки, како и целосна забрана на секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август и задолжителна потврда за вакцина, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект, Димче Апасиев од Левица одма се втурна во лов на секој полнолетен антиваксер. Димче ја злоупотреби новонастанатата ситуација и со канонада на клевети и вокабулар својствен за него ги фрли антиваксерските мрежи кон исплашениот народ.
Извори на АХА од белата палата на вмровците велат дека откако Мицко ги чул објавите од Димче, одма наредил да се впрегнат клукајдрвците и да се напишат купишта кукумјавки на социјалните мрежи завиткани во наводна борба за човекови права, сè со цел да му го преземе приматот на Димче.
Пропагандни клукајдрвци од обете партии вела дека трката е медиумска, а целта е да се има антиваксерскиот примат кај народот, како што го имаат на пример славните антиваксери како Дик Фарел во САД, притоа не водејќи амам баш никаква сметка за тоа колку трагични последици може да донесе таквата антиваксерска реторика .
На нашата забелешка дека штотуку странските медиуми јавија дека токму Дик Фарел починал како последици од коронавирус, но пред да го испушти последниот здив се испишманил и ги повикал пријателите и неговите обожаватели задолжително да се вакцинираат, аналитичките клукајдрвци од ДПМНЕ и од Левица во прв момент останаа подзинати, за откако се созедоа во смеа искоментираат:
– Шо ве гледам чудни, знаете колкумина ќе разберат за ова?, велиТ еден клукајдрвец ангажиран од Димче.
Нели е во најмала рака лицемерно и без образ Мицкоски и Апасиев кои се вакцинирани да ги храбрат луѓето да не се вакцинираат?, праша АХА.
– Кој образ?, низ насмевка искоментира клукајдрвчето.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK