ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Авторката на учебникот по босански јазик Бабачиќ: Правото на образование на мајчин јазик е едно од најголемите добра

August 9, 2021 11:22
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Образованието на мајчин јазик, од најрана возраст, е многу важно и основа за понатамошното учење и поттикнување на интересот за знаење кај децата, затоа со задоволство се пријавив на Повикот за подготовка на материјали за учење за прво одделение, вели Изета Бабачиќ, која заедно со авторка Аида Зуковиќ се авторки на учебникот по босански јазик.

„Сметам дека правото на образование на мајчин јазик е едно од најголемите добра за припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија, затоа при подготовката се водевме според принципите и критериумите кои се бараат и според позитивните реформи кои се работат во нашето образование. Учебниците имаат вредност за секое време за кое се користеле и така и ние се потрудивме да креираме учебници за ова време и работевме според Наставната програма”, вели Бабачиќ.

Авторката истакнува дека во материјалот за учење посветено е внимание на психологијата на децата на оваа возраст, за да учењето биде лесно, спонтано, и секако да одговори на нивната потреба за љубопитност.

„Вредноста на учебникот за прво одделение, без разлика на кој наставен јазик е, е да содржините бидат еднакви за сите деца и да единствена разлика биде само наставниот јазик. И така се обидовме да овозможиме еднаков пристап до образовните содржини за сите деца”, вели Бабачиќ.

Според авторката во учебникот големо внимание е посветено и на содржини кои ќе им овозможат на децата полесна комуникација во животните ситуации. Новините, освен содржините од медиумска култура, се однесуваат и на описменување со разбирање, но и на примање и давање на информации со размислување како основа на критичкото размислување.

Next Post

Парична казна за газда на скопски ресторан, во две затворени сали се организирале прослави и се послужувале гости

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk