ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Стојанова – Атанасовска: Ковид-19 сè повеќе ги напаѓа децата и прави лоша клиничка слика

August 11, 2021 19:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во ординацијата „Медико Марија“ секојдневно доаѓаат пациенти што се жалат на тегоби кои се типични за стомачен вирус, но подоцна се докажува дека всушност се работи за ковид-19, вели д-р Весна Стојанова – Атанасовска, доктор по општа и семејна медицина. Според она што во последниов период го забележала, сè повеќе на тегоби се жалат деца и тинејџери, за кои со тест се потврдува дека се ковид-позитивни. Само во текот на вчерашниот ден, за осуммина од нејзините пациенти се потврдило дека се позитивни, а од нив пет биле деца, информира МЕТА.мк.

„Ковид-случаите почнуваат да се зголемуваат кај нас, и тоа повеќе меѓу детската популација. Во летниот период има стомачни вируси и тоа е нешто што е нормално. Но ова лето, сега, се појавуваат и нови симптоми, кои се покачена телесна температура, затнат нос, малаксаност, па ние докторите често знаеме да направиме превид, мислејќи дека се работи за стомачен вирус и го третираме така. Сега наложив на неколку дечиња – мои пациенти, оние кои ми беа сомнителни, да се тестираат, по што се покажа дека се позитивни на ковид. Тоа беа оние кои немаа сила и покрај дадената инфузија и лек за температура, и оние кои чувствуваа слабост во целото тело. Само вчера, во еден ден, добив 8 позитивни пациенти, од кои тројца се возрасни и другите пет се дечиња. Четворица од нив беа тестирани со брз рапид тест, а другите со докажан ПЦР тест“, вели Стојанова – Атанасовска.

Еден од пациентите е тринаесетгодишно момче кое се заразило од братучетка му, која е дојдена од странство, а која исто така имала симптоми. Докторката вели дека момчето имало солиден имунитет.

„И покрај третирање два-три дена со инфузии и терапија, на момчето му се влоши дишењето и сега е во Козле, повремено го ставаат на кислородна маска. Тоа е дете со солиден имунитет и дете кое немало никакви болести. Инаку другите пациенти, се група млади, тоа се другари кои биле на „Охрид колинг“ и таму се заразиле. Од тоа што го гледам можам да кажам дека вирусот прави многу лоши клинички слики. И деца развиваат температура, се покачуваат де-димери“,- додава докторката.

Таа вели дека вчера во ординација имала пациентка на триесетгодишна возраст, која живее во Белгија, но е на гости во Македонија. Се вратила од летување во земјава со лет од Турција, а уште при престојот таму добила покачена температура, но не се тестирала.

„Кога дојде кај мене буквално не можеше да стои, немаше сила. Се тестираше и излезе позитивна. Мислам дека главниот проблем е во тоа што нема контрола на собирите, но и при летовите, на границите, во автобусите, не се знае кој влегува во нашата држава. Од друга страна е и личната неодоговорност, луѓето чекаат да колабираат, па дури потоа преземаат мерки и се тестираат“ вели таа.

Во однос на вакцинирањето, Стојанова-Атанасовска смета дека е потребна масовна вакцинација, но е на став дека деца не треба да се вакцинираат.

„Ми се јавуваат родители загрижени, велат дека нивните деца им тренираат ракомет и други спортови, па во клубовите ги обврзувале да бидат вакцинирани, а се работи за деца на 12, 13 години. Тоа се деца под 15 години, а тие, според мене не спаѓаат во група која би требало задолжително да се вакцинира“, додава докторката.

 

Next Post

Макрон предупреди дека здравствената криза не е надмината

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk