ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Урбана акција: Ако на овој мраз му требаат 6 часа да се истопи, колку време ќе им треба на глечерите да се стопат? (ФОТО)

August 11, 2021 12:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Урбана акција (Фото: Центар за современи уметности Скопје)

Урбана акција (Фото: Центар за современи уметности Скопје)

Share on FacebookShare on Twitter

„Ако на овој мраз му требаат 6 часа да се истопи, колку време ќе им треба на глечерите да се стопат?“ е новата урбана акција на Центарот за современи уметности Скопје.

Урбната акција е посветена на битките со глобалното затоплување и климатските промени.

Од Центарот за современи уметности Скопје, велат дека идејата на оваа акција е на едноставен начин на граѓаните да им се покаже колку брзо се топи мразот на високите температури и да ги потсетиме дека еднакво како што мразот се топи на врелиот скопски асфалт истото се случува и со поларните глечери за кои се проценува дека доколку не се превземат драстични мерки целосно ќе се стопат до крајот на овој век, а нивото на морето ќе се крене за 2 м.

 

1 of 5
- +

1.

2.

3.

4.

5.

(Фото: Центар за современи уметности Скопје)

„Со овие климатски промени милиони луѓе ќе бидат приморани да ги напуштат своите домови а милиони хектари обработливо земјиште повеќе нема да може да се обработува. Kлиматските промени се реалност и се почесто ги чуствуваме на сопствената кожа, веќе не е прашање дали ќе се случат туку какво ќе биде нивното влијание и во колкава мера ќе ја погодат планетата Земја и каква ќе биде состојбата во Македонија. Оваа врела година иако не директно, сепак индиректно заради екстремно малата количина врнежи и екстремните температури од над 45 степени во многу земји, особено во Јужна Европа и Северна Америка се случуваат најжестоките и најголемите шумски пожари во поновата историја, додека истовремено делови од Западна Европа ова лето со соочија со поплави и количини на врнежи од над 200 литри на метар квадратен за еден ден, незабележени во прецизните метеоролошки извештаи кои со векови наназад се водат во Западна Европа.“, наведуваат од Центарот за современи уметности Скопје.

Оттаму нагласуваат дека со оваа акција целта е уште еднаш (како и со предходната акција наречена Климатски баланс) да се потсетат граѓаните, властите и да се подигне јавната свест во Македонија за што е можно поодржливо користење на природните ресурси во прв ред шумите и водата кои за жал се сериозно загрозени (илегална и прекумерна сеча, подметнати пожари, мали проточни хидроцентрали кои го уништуваат биодиверзитетот).

Акцијата е спроведена од страна на Центарот за современи уметности Скопје и финансиски поддржана од Фондацијата отворено општество Македонија.

Ј. Ѓ.

Next Post

Граѓаните и сега можат да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список

EVN

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

April 13, 2026

Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

April 13, 2026

СДСМ: Време е за вистината за врските Мицкоски–Орбан

April 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Фронтлајн на Фејсбук

    ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk