ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Аплицирани над милион вакцини против Ковид-19, за влез во Грција важат истите мерки

August 13, 2021 08:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Гостивар е третиот град, по Скопје и Тетово, каде ширењето на коронавирусот почнува да зема голем замав. За едно деноноќие регистрирани се 99 новозаразени. Ако бројот на активни случаи на 7 август во овој град бил 176, според последните податоци, сега е 467.

Според статистиката на Министерството за здравство за број на вакцинирани по градови објавена деновиве, Гостивар е градот со најмалку вакцинирани полнолетни граѓани, односно само 19 проценти. Но, со зголемувањето на новозаразени се зголеми и интересот за заштита со вакцинирање во гостиварско, јави дописникот на МИА од Гостивар. Дневно се аплицираат од 300 до 500 вакцини.

Она што ги загрижува здравствените работници од гостиварско е што на голем број пациенти им е потребна хоспитализација. Според клиничката слика, дел од нив добиваат кислородна поддршка, а има и случаи во потешка состојба и тоа се пациенти со други коморбидитети.

-Карактеристично е што станува збор за помлади пациенти, главно под 35 години. Порастот на новозаболени според него е непочитување на мерките за заштита, изјави вчера за МИА раководителот на инфективното одделението д-р Ратко Наумоски.

Покрај Гостивар и натаму продожува да расте бројот на новозаразени во Скопје и Тетово. А Неготино вчера го забележа првиот случај на Ковид-19, по повеќе месеци. Вчера беа регистрирани 639 нови случаи од направени 5.390 тестирања, починати шест лица и 22 оздравени.

Најголем број од активните случаи има во Скопје и Тетово. Во Скопје има 1257, а во Тетово 864. Следи Гостивар со 467, Куманово – 222, Кичево – 193, Струмица – 124, Битола – 90, Струга – 83, Охрид – 75, Дебар – 81. По подолг период во Неготино регистриран првиот случај на заразен со коронавирусот. Уште пет градови се без ковид и тоа: Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и туристичкиот Дојран.

Министерството за здравство вчера информира дека бројот на аплицирани дози вакцини во земјава надмина милион. Со засилување на четвртиот бран и најавените рестриктивни мерки, интересот за вакцинација од пред два дена е значително зголемен. На вакциналните пунктови и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 561 912 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 16 020 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454 788 граѓани, соопшти Министерството за здравство.Со последните бројки барем една доза вакцина примиле: 66 проценти од населението над 70 години, 64 отсто над 65 години, 60 отсто над 60 години и 50 отсто над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува здравствените протоколи за денешното одбележување на 20-годишнинаната од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, соопшти вчера првиот вицепремиер и министер за полтички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, додавајќи дека за ова прашање го контрактирал и министерот за здравство Венко Филипче.

Актуелните ковид-мерки за влез во Грција, пак, се продолжени за уште една седмица. Задолжителен документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, се продолжени  до 19 август, согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што вчера стапи во сила.

Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување во Грција потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар. За прекршување на законските мерки и обврски во Грција, предвидени се парични казни од 500 до 5.000 евра.

Можноста за нов целосен карантин во Грција наесен, ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашната прес конференција, а паралелно изрази загриженост за намалениот број дневни вакцинации, јави дописничката на МИА од Атина.

Next Post

Над 205 милиони луѓе се заразиле со коронавирус во светот

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk