ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бројот на активни случаи се искачи на 4.369, значително зголемен интересот за вакцинирање

August 14, 2021 08:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државава постојано расте. Според вчера објавените податоци од Институтит за јавно здравје, од направени 6.770 тестирања, коронавирусот е потврден кај 672 лица. Починати се пет пациенти на возраст од 48 до 85 години, а регистрирани се и 35 оздравени.

Бројот на активни случаи се искачи на 4.369 oд кои најголем број има во Скопје-1.468 и во Тетово-976, а потоа следат Гостивар – 558, Куманово-263, Кичево-227, Струмица-159, Битола и Струга по 96, Дебар-89…

Министерството за здравство вчера соопшти дека од 3.497 граѓани кај кои е потврден коронавирусот во изминатите седум дена, 450 односно 12,8 отсто биле целосно вакцинирани, а 87,1 проценти или 3.047 граѓани не биле вакцинирани. Во анализата на Министерството за наведениот период  се евидентира дека смртноста е 100 отсто кај невакцинирани, односно ниту еден од сите 25 починати од Ковид-19 не бил вакциниран.

Од Министерството информираа дека почнуваат на неделно ниво да прават редовни анализи за процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од Ковид-19 во државата и ќе ги објавува секој петок за да ја информира јавноста. Притоа, за вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози и поминале најмалку 14 дена од аплицирањето на втората доза.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Надлежните апелираат граѓаните да се вакцинираат бидејќи само така ќе се постигне колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на вирусот.  Се укажува дека секоја вакцина која е на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.

Пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ државата, како што соопшти Министерството за здравство, ќе работат во текот на денешниот ден и граѓаните кои сакаат да се вакцинираат ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден.

Значително зголемен е интерес за вакцинирање кај граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и на терен во помалите населени места и руралните средини.

Заклучно со завчера, вакцина досега примиле  571.392 граѓани, ревакцинирани се 462.192 односно аплицирани се вкупно 1.033.584 дози. Прва доза вакцина завчера примиле 8.808 граѓани, а вкупно биле вакцинирани 15.574. Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 67 проценти од населението над 70 години, 64 отсто од луѓето 65 години, 60 отсто од тие што се повозрасни од 60 години и 50 отсто од населението над 50 години.

– За вакцинирање не е потребно закажување термин, освен за малолетниците од 12 до 17 години за кои пријавувањето за вакцина е на веб-страницата vakcinacija.mk , истакнаа од Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на Ковид-дијагностицирани лица достигна 160.571 од направени 1.046.042 тестирања, oздравеле 150.670 пациенти, а бројот на  починати е 5.532.

Next Post

Охридскиот договор – компромис што го издржа тестот на времето и го отвори патот кон НАТО и ЕУ

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk