ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ВИДЕО) Шилегов: Со нова иновативна опрема, Водно заштитено од пожари

August 20, 2021 13:04
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопските пожарникари придружувани од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска изведоа показна вежба за гасење шумски пожар со помош на специјална опрема за гасење ваков тип пожари. Опремата се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили. На избрана локација на врвот на Водно единиците на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ покажаа како се гаси запалена нискостеблеста шума со помош на специјалната опрема и специјален адитив со кои за кратко се ограничува ширењето на огнот и се гаси пожарот.

„Се наоѓаме на падините на нашето Водно со цел Градот Скопје да демонстрира дел од новонабавената опрема која што ја користат единиците на Противпожарната бригада и одговорните од ЈП „Паркови и зеленило“ за одржување на Водно, а која е ефикасна при гасење на евентуалните шумски пожари. Дел од оваа опрема Противпожарната бригада ја користеше и при интервенциите што ги имаше ширум државата во екот на големите шумски пожари и токму ефикасноста која што можевте да ја видите придонесе тие шумски пожари да не се рашират“ – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Важно е да се потенцира дека за гасење шумски пожари БППЗ од сега ќе користи и специјален иновативен адитив за гасење пожари на отворено, произведен од македонската компанија ВТ Продакшн, која го произведе овој иновативен производ со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој и потоа го донираше за потребите на Противпожарната бригада. Станува збор за адитив кој што се додава во водата за гасење пожари и има уникатна способност да ја зголемува вискозноста и лепливоста на водата која останува на вегетацијата, што го прави процесот на гасење и контрола на шумските пожари многу поефикасен.

Шилегов денеска упати апел до граѓаните да се придржуваат кон забраната за движење во шумските предели која беше воведена во текот на овие топли летни месеци, за да се заштитат од пожари заштитените подрачја Водно и Матка.

„Во периодот од 26.07 до 16.08 на целата територија на Република Северна Македонија имало 106 пожари, а на територија на Град Скопје во периодот од 1 до 15 август имаше 129 пожари. Тоа значи дека на територија на Град Скопје имало повеќе интервенции, од кои 90 се на отворен простор, но ниту еден од нив не беше вон контрола, ниту пак побаравме помош од страна. Интервениравме секаде каде што можевме да интервенираме и секаде каде што беше побарана помош од нас, од пожарот во Старо Нагоричане на 2 август до последниот пожар во Пехчево и Делчево. Има институции кои ќе кажат дали пожарот е подметнат или не, но од нашето искуство се гледа дека причинител е човечки фактор“ – објасни денеска командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Опремата за справување со евентуални шумски пожари на територијата на планинскиот појас од Водно до Матка е набавена во рамките на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, кој е финансиран од Европската Унија, а се реализира од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Next Post
BBC News

Првпат заврна дожд на Гренланд на надморска височина од 2.600 метри

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk