Јавните претпријатија на Град Скопје во изминатите четири години заедно имаат набавено повеќе од 130 нови возила – механизација, целосно со буџетски средства од Град Скопје, без донации и помош, изјави денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Македонскиот каратист Столе Смилковски освои сребрен медал во категоријата -67 кг за помлади сениори на последниот ден од Европското првенство во Тампере, Финска. Смилковски во финалето загуби од Алтунер Јилмаз Екрем од Турција.
Домашните мрзи и хохштаплери, антиталенти и гузоњи, се плашат дека бегалците од Авганистан ќе ја урнат цената на нивната неработа, односно дека за исти пари ќе продуцираат сто пати повеќе производи и услуги.
Во колумната за „Слободен Печат“ „Ние не сме партиски“, ама сме од партија“, аналитичарот Жарко Трајановски посочува дека главната кандидатка за градоначалничка на „Зелен Хуман Град“ не го исполнува ниту условот за непартиски, ниту, пак, условот за независен кандидат, иако така беше претставена во јавноста и во медиумите: „Несомнено, г-ѓата Ана Петровска е позната и докажана екологистка, но таа не ги исполнува клучните услови на „Зелен хуман град“: да не била член на ниту една партија во последните 5 години и да не е вработена во некое министерство.