ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Трајановски: Ана Петровска не е ниту непартиска, ниту независна и е соучесник во бетонизацијата на Скопје

August 22, 2021 17:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во колумната за „Слободен Печат“ „Ние не сме партиски“, ама сме од партија“, аналитичарот Жарко Трајановски посочува дека  главната кандидатка за градоначалничка на „Зелен Хуман Град“ не го исполнува ниту условот за непартиски, ниту, пак, условот за независен кандидат, иако така беше претставена во јавноста и во медиумите: „Несомнено, г-ѓата Ана Петровска е позната и докажана екологистка, но таа не ги исполнува клучните услови на „Зелен хуман град“: да не била член на ниту една партија во последните 5 години и да не е вработена во некое министерство.

 

Во последните 5 години, Ана Петровска не само што беше член на партија, туку имаше и многу висока партиска функција – потпретседател на ДОМ. Како партиски функционер и кадар таа била именувана и за државни функции – прво како државна секретарка во министерство, а потоа и како директорка на државен инспекторат, државна функција што ја извршуваше до пред само еден месец!“

 

Петровска сега е вработена во Министерството за животна средина како помошник-раководител во Секторот со управување со отпад и не крие дека не се откажала ни од партијата која и овозможи да добие високи државни функции, укажува Трајаноски: „Во интервјуто од 8 страници во „Фокус“, во поднасловот „Не се откажав од ДОМ, туку од актуелното раководство“, таа појаснува: „Во ДОМ има многу искрени и чесни борци, откажувањето би било откажување од нив“. Исто така, Петровска „за Слободен печат“ вели дека „нејзиното, како и членството на останатите кои се залагаа за промени во ДОМ во моментов е замрзнато“. Изразот „замрзнато членство“ може различно да се толкува, па и така дека може во секој момент и да се одмрзне, ако партиските климатски промени станат благопријатни.“

 

Според Трајаноски, колку и да е добар еколог, Ана Петровска не може да се смета ниту како непартиски, ниту, пак, како независен кандидат, па оттаму ни листата на кандидат за градоначалник на „Зелен хуман град“ не е ниту независна ниту непартиска!

 

Трајаноски потсетува дека иако Ана Петровска ветува „Ќе ја запреме бетонизацијата на Скопје“, токму кога се спроведуваше најголемата бетонизација на Скопје преку проектот „Скопје 2014“, Петровска била претседател на Комисијата за урбанизам на ДОМ – коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и во извршната и во локалната власт: „Неодамна во еден ТВ настап градоначалникот на Центар потсети дека сите спорни урбанистички планови кога Груевски си го градеше „Скопје 2014“ – со кои практично беше овозможено „бетонизирање“ на Центар – биле донесени благодарение на гласот на советникот на ДОМ, пресуден глас без кој ВМРО-ДПМНЕ немало да го има потребното мнозинство.“

 

Затоа, Трајаноски поентира: „Што тогаш направила претседателката на Комисијата за урбанизам на ДОМ за да се сопре бетонизацијата на Скопје и уништувањето на зеленилото во Центар преку проектот „Скопје 2014“? Зошто како главна урбанистка на ДОМ не го убедила советникот во Центар да не гласа за спорните урбанистички планови, вклучително и за плановите со кои се овозможија „бетонските чудовишта“ спроти „Холидеј ин“, бетонското чудовиште на местото на „Универзална сала“, како и бетонските чудовишта во коритото на Вардар кои беа подметнати како „сплавови“?“

 

Според Трајаноски, ако тогаш Ана Петровска го убедела советникот на ДОМ, Груевски немало да има мнозинство за да го спроведува својот налудничав проект „Скопје 2014“ кој еколошки и урбанистички го упропасти Скопје.

Next Post

Денеска се регистрирани 882 нови случаи на Ковид 19 - Оздравени се 140 пациенти

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk