Ве обвинуваат дека сте антеваксер, вакцинирани сте?, го прашаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа. Мицкоски, рече дека ИСКРЕНО, се вакцинирал скоро, за да може да се движи слободно низ државата поради „глупавите“ мерки.
„Искрено, вчера отидов да се вакцинарам, но бидејќи сум лимитиран. Не можам пристојно да се движам низ државата заради оние мерки коишто се за мене лично катастрофално глупави. Отидов и бев принуден да се вакцинирам“, изјави Мицкоски.
По ова, сите негови претходни изјави, кудења и жалења за доцнењето на вакцини, паѓаат во вода. Всушност, на Мицкоски му се глупави мерките, ама очигледно истите функционираат.
Д.Е.