ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ВИДЕО) Ангелов: Големиот број на експлозивни средства го отежнуваат гаснењето на пожарот на Галичица

September 5, 2021 14:31
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Фото: Огнен Бошњаковски ФРОНТЛАЈН

Фото: Огнен Бошњаковски ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Почнувајќи од 3 септември, кризната состојба предизвикана од пожарите е завршена. Во моментов е активен пожарот на планината Галичица, а утрово е регистриран и еден пожар во Арачиново, со што не постои можност за продолжување на кризната состојба, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција.

Почнувајќи од 3 септември, кризната состојба предизвикана од пожарите е завршена. Во моментов е активен пожарот на планината Галичица, а утрово е регистриран и еден пожар во Арачиново, со што не постои можност за продолжување на кризната состојба, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција.

Пожарот на Галичица започна пред една недела од албанската страна. Ангелов вели дека постојат сомненија, оти е започнат од овчари за да се подобри квалитетот на пасиштето.

– Пред помалку од една недела, пожарот се приближи до нашата граница. На 30 август извршивме хеликоптерско извидување со претставници од Главниот штаб за управување со кризи во кое учествував и јас. Пожарот беше на самата гранична линија, а полека одредени јазици влегуваа и на нашата територија и се спушташе кон толот од страната на Охридско Езеро и од страна на Преспанското Езеро, истакна Ангелов.

Директорот на ЦУК информира дека горела само трева и ниски зимзелени грмушки. Во текот на ноќните часови, како што посочи тој доаѓало до загаснување на пожарот, а рано наутро со појава на утринската роса пожарот безмалку бил изгаснат. Но, со зголемување на температурите, повторно доаѓало до палење на пожарот.

– Овој пожар е карактеристичен по една непријатна и ризична работа а тоа е големиот број на експлозивни средства и направи, гранати, куршуми и разни други експлозивни средства што се наоѓаат и по самиот срт каде започна пожарот и истите се протегаат до подножјето во самата шума. Овој пожар е четврти пожар на истото ова подрачје во последните 10-15 години според оние расположливи информации до коишто дојдовме. При секој пожар од местото каде што гори се слушаат детонации, експлозии, истрели од куршуми. Палењето на тревата создава температура што ги активира овие минско експлозивни средства, коишто кога човек би згазнал на нив не би се активирале, бидејќи се стари повеќе од 100 години, вели Ангелов.

Тој истакна дека во текот на денешниот ден, од раните утрински часови до сега се слушнати најмалку три експлозии, што значи дека ова место каде што во моментов гори пожарот не е безбедно за пешадија, ниту за летање со хеликоптер.

– Од страна на Главниот штаб за управување со кризи, веднаш по појавата на овој пожар беше разгледана можноста да се ангажира хеликоптер за гаснење од воздух. Заклучокот беше дека е ризично затоа што леталото при гаснењето на пожар доаѓа на дваесеттина метри до земјата, односно самата сајла на којашто виси справата е долго десет метри, а хеликоптерот да биде поефикасен доаѓа многу ниско, со што постои ризик од експлозиите, објаснува Ангелов.

Претставници на Националниот Парк Галичица се обиделе странично да го изгаснат пожарот, но се појави феномен како пожарот кај Сарај, кога гори кореновиот систем и пожарот на местата каде што е изгаснат по извесно време повторно се распламтува.

Директорот на ЦУК соопшти дека стратегијата што ја донесе штабот е дека кога пожарот ќе се спушти кон шумата со цистерни, кои носат околу 500 литри вода е да се навлезе на шумските патишта и пожарот да се пресретне, со што патиштата не претставуваат опасност.

Ангелов додаде дека во моментов, пожарот на Галичица не претставува опасност за населените места кои се во близина на планината.

– Со завршување на кризната состојба, се менува надлежноста и сега на врвот на хиерархијата при гаснење на пожарите не се наоѓа Главниот штаб за управување со кризи, туку одговорните лица на противпожарните единици од териториите каде се активни пожарите. Тоа значи дека од сега натаму повеќе информации околу пожарот на Галичица потребно е да барате од градоначалникот на Општина Охрид, или во случај на појава на други пожари, од останатите градоначалници, објаснува Ангелов.

Иако до ЦУК стигнуваат барања од Општините за управување со хеликоптерите, ЦУК ги препраќа до Генералштабот на Армијата, кои одлучуваат дали се исполнети условите за учество во гаснење на пожарите./МИА/

Next Post

СДСМ: Никој не се нафаќа да биде кандидат на губитничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk