ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Со проекциите во Виница и Пекљани заврши Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2021

September 7, 2021 19:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со проекции на документарни филмови на 3 и 4 септември во Виница и Пекљани, заврши годинашното Патувачко кино на „МакеДокс“. Патувачкото кино се одвиваше во викенд-формат во текот на јули, август и септември, и посети седум населени места во Источниот плански регион на државата.

Проекцијата во Виница се одржа на 3 септември пред Домот на културата „Тошо Арсов“.

Градот Виница е најпознат по Виничкото кале, бројните археолошки локалитети и фантастичните ранохристијански теракотни икони. На културен план позната е манифестацијата „Ин Виница веритас“.

-Во тивкиот, мирен и питом амбиент на градот Патувачкото кино на „МакеДокс“ најде срдечен прием, а покрај многубројната млада публика меѓу посетителите на проекцијата беше и Асан Алиу, поранешен кинооператер на некогашното кино во Виница. Алиу уживаше во проекцијата на документарни филмови, но се потсети и на времето кога тој ги менувал филмските ленти на проекторот во киното што веќе 15-ина години не работи, соопштија од „МакеДокс“.

Селото Пекљани пак, се наоѓа на околу 12 километри југоисточно од Виница. Сместено на падините на Обозна Планина селото е постојано населено уште од времето на Османлиското владеење. Во селото има и црква и теќе, но и споменик од НОБ. Во овој период се населени околу 150 куќи, а проекцијата на Патувачкото кино се одржа во дворот на подрачното училиште „Никола Парапунов“.

-Најубави чувства кај екипата на „МакеДокс“ се создаваат кога целото село ќе дојде на проекција. Меѓу посетителите го сретнавме актерот Столе Мицов од Театар Комедија, додаваат од  „МакеДокс“.

Актерот Мицов е по потекло од Пекљани, средно училиште завршил во Виница, а Факултет за драмски уметности во Скопје. Откако почна пандемијата на коронавирусот многу често е во своето родно место.

– Досега тоа не го разбирав многу, но откако почна пандемијата најголем дел од времето сум во Пекљани, тука се моите родители и мојот вистински роден дом, а тоа многу ми значи, открива Мицов.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ оваа година го смени својот формат и се одржа во четири викенди во различни месеци од летниот период. Покрај Пекљани и Виница, проекции имаше и во Кратово – 25 јуни и селото Шлегово – 26 јуни, две проекции во Штип – 2 и 3 јули, како и во Кочани – 9 јули и Оризари – 10 јули.

Поддржано е од Агенцијата за филм, општините Кратово, Кочани, Штип, Виница и Центарот за развој на Источен плански регион.

Медиумски покровители на Патувачкото кино и фестивалот „МакеДокс“ се Слободен печат, Нова Македонија, МТВ – Прв програмски сервис, МКД.мк, УМНО, СДК.мк, Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-Магазин, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Плагиј.ат, Его, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк и Лице в лице.

Сите активности на Патувачкото кино на „МакеДокс“ се одвиваа согласно протоколите за одржување на културни настани во време на пандемија.

 

извор: МИА
Next Post

Клубовите потрошија 3,72 милијарди долари за летни трансфери, oва е само 60% од рекордните 5,8 милијарди во 2019 година

Shortcut

Најново

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk