Скопското кафуле „Интермецо“, синоќа беше затворено од Државниот пазарен инспекторат, поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19, обајви САКАМДАКАЖАМ.МК
Синоќа имало журка со познатиот ди-џеј Роџер Санчез. Во координирана акција на Општина Центар, МВР и ДПИ, било утврдено дека имало повеќе луѓе од потребното, односно согласно препораките, па кафулето било затворено.
Гостите имале сертификати за вакцинација, на врата полицијата ги легитимирала гостите и им барала сертификати, но проблемот настанал подоцна кога локалот се преполнил со гости и имало повеќе од потребното. Ова го истакнала директорката на ДПИ Анета Симеска-Димоска за СДК.
Согласно казните, локалот може да биде затворен од 10 до 30 дена, а казнаа за одговорното лице 1.500 евра.
Ова не е првпат кафулето „Интермецо“ да биде затворено. Лани во октомври, доби забрана за работа од 30 дена поради пуштање гласна музика, но сопственицте си ја тргнаа пломбата. Потоа од Општина Центар поднесоа кривична пријава, а Обвинителството предложи казна од 5.000 евра за тргање на пломбата. Во јули, Општината повторно го казни „Интермецо“ за пуштање гласна музика.
Фото: Архива