ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Независност

September 8, 2021 23:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Системот на Фејсбук ме потсети на еден мој текст од пред една година.

Не би имал многу што да додадам.

Но, не ништо.

Одиме по ред:

Некои мислат дека независноста е тест низ кој се покажува неуспехот на нашиот државотворен проект. Дека во 1991 сме зачекориле по патот на исчезнувањето. Понекогаш и самиот влегувам во фазонот на таа радикална критика. Но, не е така. Сите државни идеи минувале низ уште пострашни кризи. Проблемите, и оние најтешките, понекогаш се повеќе знак на живоста на проектот, отколку на неговата слабост и бесперспективност. Никој не вика за своето дете дека не го бива кога проодува, паѓа, прави џумки, качува температури, добива проливи итн.

Второ, независноста не беше плод на вековните стремежи на македонскиот народ, како што папагалски се повторува, туку беше фина, паметна, одмерена и одговорна реакција. Во еден историски миг кој се претвори во неповторлива шанса. Што Македонија, не особено решително, но, ја зграпчи.

Да не беше Милошевиќ, можеби никогаш немаше да бидеме независни. Како и другите постјугословенски бантустани.

Тоа е.

Нема потреба да се пумпаме.

Оттука натаму, меѓутоа, Македонија заборави шансите да ги зграпчува и на историските предизвици на одговара така како што тоа го бара времето во комбинација со нејзините ресурси и интереси. Приватизацијата беше лошо и максимално неправедно изведена, конституцијата на парламентарната демократија и пазарното стопанство, заедно со медиумскиот сектор, го кочеа развојот и можностите на младата држава повеќе отколку што ги стимулираа, меѓуетничките односи се хармонизираа бавно и со големи проблеми, евроинтеграциите доцнеа и во најавите и во реализациите, државата и нацијата се заглавија во спорот што го покрена Грција, но исклучиво врз основа на сопствените лоши процени и политики. Така беа пропуштени бројни историски моментуми за дефинитивен исчекор и етаблирање. Денешниот спор со Бугарија, да речеме немаше да се случи да беше Македонија макар малку попаметна. Како инерција од тоа време, големите пробиви, какви што беа Преспа и НАТО, не беа дочекани со единствена еуфорија каква што несомнено заслужуваа. Напротив.

Тоа е првпат точка на критиката на изминативе триесет години.

Можеме да ја формулираме и вака: Не ја облагородивме самостојноста со реален поглед кон себе и кон светот. Кон внатре тој поглед беше премногу етноцентричен и себичен, без покритие во реалните ситуации и процеси, а кон надвор доминантно морализаторски, односно недоволно реален, плус обременет со внатрешните прераспределби на националното богатство кои бараа одредена дистанца од Европа и од нејзините стандарди, особено во сферата на правото.

Што уште да се каже?

Големи парчиња, ако може така да се каже, од македонската нација покажуваа и покажуваат сериозен минус на државотворна свест. Или е таа фолклорна. На некои сектори, дури и антимакедонска. Нема зошто да се воздржуваме да не кажеме дека тие видувања доаѓаат до израз преку крајно инфантилниот, но многу опасен обид да се случи политичка концептуализација на митот за вмро. Тој обид значи самопоништување на македонскиот државен и национален проект. Во тоа не смее да имаме ниту трунка сомневање. Фактот дека еден дел од луѓето сѐ уште не го разбираат тоа, е навистина загрижувачки.

Но, и со овие слабости, Македонија оствари значајни резултати и се покажа како тврд орев.

Сакам да истакнам три работи што ги освоивме во битката за успех на независна Македонија, а за кои или не сме свесни или ги потценуваме или не ги користиме доволно за унапредување на своите статуси односно за подобрување на квалитетот на животот.

Прво, тоа е слободата да решаваме за себе. Македонија е под бројни мониторинзи, ние сме интегрирана земја, но факт е дека прв пат во својата плитка историја се соочуваме со толкаво количество слобода и одговорност да решаваме за себе, за сопствените интереси и за сопствените перспективи.

И како заедница односно држава и како поединци.

Знам дека многумина ќе речат, ма каква слобода, никогаш не сме биле поголеми робови. Не велам дека не држат ваквите забелешки, но тука проблемот не е недостигот на слобода, туку неспремноста да се користи слободата за унапредување на општото и личното добро на сите или на што е можно поголем број луѓе. Повеќето се спремни да се ослободат од слободата за некои ситни материјални, најчесто, задоволства.

Слободата е богатство на шансите да се успее во животот. Тие шанси се неспоредливо побогати и побројни и по изгледни отколку што му се чинат на нашиот човек кој многу често не знае што да прави со слободата. Се разбира дека јас знам за неправдите во прераспределбата на националното богатство, за затворените кругови на тајкунството, на зафатените линии на државните ресурси, но шансите да се успее се неспоредливо поголеми од порано, тука говорам за принципиелните дострели, не за конкретните деформации кои се тешки и околу чие отстранување мораме да се бориме.

Вториот дострел исто така е замаглен со многу тешки пиздарии преку кои се објавува, но тоа не е причина да не го нотираме: новата политичка, правна, демократска, пазарна, работна и општа клима, во која се одвива животот.

Со се развојот на најомилениот спорт кај Македонците: самонегацијата, деталната и секојдневна анализа за тоа зошто Македонија не заслужува да биде држава, а Македонците посебна нација. Тој политички односно вморонски мотивиран и инспириран автошовинизам многу сериозно ги поткопува можностите на Македонија.

И третиот сет е сетот на меѓународната афирмација на земјата, на државата, на нацијата, на општеството како мулти култи и демократски феномен од исклучителен тип.

И да не заборавиме, во услови на мир, безбедност и стабилност што државата и заедницата ги обезбедуваат за себе и за регионот, со мала помош на пријателите и сојузниците, се разбира, на доста пристојно ниво

Не е малку за 30 години.

Што да се први.

Ослободување од историските лаги односно од лагите за историјата.

Тоа е ориентација со висок национален приоритет.

Демитологизација на вмро односно девмровизација на нацијата.

Без тоа нема ништо.

Првото и првната држава како единствен медиум за остварување на единството на заедницата.

Рехабилитација на медиумите.

Револуционерни исчекори во партиската организација на политичкиот живот

Бегство од национализмот затоа што тој е смрт за Македонија.

Геополитичкиот вакуум е момент да се засилат напорите за исполнување на европските критериуми, не за дистанцирање од Европа.

Бидете пофини и поблагонаклони кон сопствената држава, зашто така сте поблагонаклони кон себе.

Хахаха!

Честит нека ни е Денот на независноста.

 


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

AI Generated Image

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Генерирано со ВИ

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Трамп и Мерц Фото:EWTN скриншот

(ВИДЕО) Мерц–Трамп: Средба што може да го промени текот на трансатлантската политика

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk