„Фајзер“ вакцина за деца од 5 до 11 години се очекува да биде одобрена во САД до крајот на октомври. Вакцината е веќе одобрена за деца над 12 години.
Германските социјалдемократи се фаворити на претстојните парламентарни избори во Германија, според прогнозите на угледниот „Економист“.
Здружението на лекари специјалисти денеска излегоа со соопштение за поддршка на министерот Филипче. „Плата за приватните специјализанти, фер договори за државните специјализанти и укинување на лихварските договори со обврски и меници на преку 100 000 евра, укинување на интермедиерниот испит, укинување на снимањето и емитувањето во живо на нашите испити и колоквиуми, бесплатна вакцинација против хепатитис Б за сите специјализанти, здравствено осигурување на приватните специјализанти и платените дежурства, се реалност“ – се вели, меѓу другото, во соопштението на ова здружение.
„Борбата против тероризмот ќе продолжи и НАТО ќе продолжи да ја игра својата улога“ – изјави Столтенберг на церемонијата по повод 20-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, што денеска се одржа во седиштето на НАТО во Брисел.
Претставници на тетовското Обвинителство и на Германската амбасада во Скопје денеска го посетија местото на монтажниот објект за ковид пациенти во Клиничката болница во Тетово, при чие опожарување во средата загинаа 14 луѓе.
В. Д.