Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека државата нема да се соочи со енергетска криза и оти такви неточни информации шират неколку новинари и портали, кои исто така пишувале дека ќе се зголеми цената на струјата, но, како што рече, тоа не се случи.
Нема да дозволиме како завчера, поединци политички да профитираат на сметка на лозарите, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. Хоџа уште еднаш повтори дека додека тој го води Министерството, политика во земјоделството нема да има и производителите нема да се делат по таква основа.
Основното Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција – Скопје покренало истрага за сите модуларни болници во земјава, дознава „Слободен печат“. Од наши лекарски извори дознаваме дека ниту модуларната болница во Велес нема технички прием за работа со пациенти.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски информираше дека денеска пристигна серверот со 10 станици за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран.
Маричиќ во рамките на својата работна посета на Стразбур оствари средба со првите луѓе на Венецијанската комисија. Имавме многу важна средба со претставниците на Венецијанската комисија на која разговаравме за законите кои веќе се испратени до нив на мислење, но и за оние кои наскоро ќе ги пратиме, како што е Законот за потекло на имот, но и Кривичнот законик и Законот за кривична постапка. Нивното мислење многу ни значи со цел да направиме подобри и поквалитетни закони, изјави Маричиќ.
M. M.