ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кој си игра со емоциите, на крајот од емоциите (политички) и гине

September 14, 2021 08:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Како што одат работите, на добар пат сме НИШТО да не научиме и од оваа трагедија во ковид-болницата во Тетово.

Имено, Владата веќе требаше да издаде соопштение дека наложила на сите институции под нејзина надлежност во државата да ги проверат сопствените капацитети, опреми, процедури и планови во случај на пожар, а истата постапка да ја препорача и до приватните компании и организации. Надлежната државна институција за противпожарна заштита (мора да има и некакво официјално име) да најави дека ќе започне вонредна инспекција на неколку дузини случајно избрани институции – добро би било на тој список прва да се најде зградата на Владата, а веднаш потоа и Белата палата, каде што е седиштето на опозицијата – за проверка и евентуални санкции на одговорните за непочитување или пропусти во тие стандарди.

Општините, пак, со овие градоначалници на истек на мандатите, треба итно да смислат некаква шема за поддршка на граѓаните во набавка на противпожарни апарати, како што тоа го прават во случајот со инвертерите, чистењето на оџаците или купувањето велосипеди, макар со важност на таа мерка по изборите.

Само така бесмислието на губењето толку многу животи за три минути во Тетовската болница ќе добие некаква пост-трауматска општествена смисла.

Во сличен контекст, како што ми се чини, ВМРО-ДПМНЕ е на добар пат да го погоди „дрвото“, промашувајќи ја „шумата“ околу тетовската трагедија: тие се толку силно преокупирани само и само со оставката на Филипче, што ништо друго не ги интересира – а тоа „партиско лешинарење“ на крајот го мобилизира и ја дига кохезијата во СДСМ околу Заев и Филипче многу побрзо и подобро одошто е тоа нормално при вакви непријатни политички собитија.

За реакциите на општата, непартиска јавност, пак, можеме само да нагаѓаме, бидејќи нема релевантно истражување за тоа како и каде сега се движат трендовите во јавноста, но ситуацијата добива на дегутантност и поради, од една страна, бројните стории за низа болнички искуства на пациенти и нивни роднини во борбата со ковидот, но и заради голата борба на политичарите за освојување на власта. Играњето со емоциите на гласачите – тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, во недостаток (сѐ уште, истрагата е во тек) на елементи за фактичка вина на Филипче – е секогаш деликатно, па затоа и опасно морално-политичко оружје коешто неретко знае да го отепа оној што во политиката посегнува по него. На крајот, јавноста, сумарно, има подобро чувство за прашањата на достоинството и мерката на пристојност од вревата на партиските машинерии и нивните пропагандни кампањи.

П.С. Во вчерашната (13/9/2021) хронологија на политичките оставки во историјата на Македонија, без зла намера – а и поради фактот што некои се случуваа во пред-дигиталното време во светот на архивите – сум пропуштил да наведам уште неколку оставки на македонски функционери.

Првата е онаа на Димитар Димитров, како министер за образование и наука во Експертската влада во 1992 година, заради политичките несогласувања со тогашниот естаблишмент во власта. Патем, неговиот син и сегашен потпретседател за европски прашања Никола Димитров, во 2000 година си поднесе оставка од функцијата заменик министер за надворешни работи во Владата на Љубчо Георгиевски, како резултат на несогласување со „тајванската авантура“. А, како министер за надворешни работи и Денко Малески, во два наврати поднесуваше оставки: еднаш по усвојувањето на Лисабонската декларација во 1992 година (оставката не му беше прифатена) и, потоа, во 1993 година, во владата на Црвенковски, кога оставката му е прифатена, за влезот на државата во ОН под референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, поради големите кавги во Македонското собрание и говорот на Малески за потребата од политичко единство во тој историски момент за државата.

За ненамерниот пропуст им се извинувам и на уважените Димитрови и Малески, а и вам, почитувани читатели.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот.
Next Post

Почувствуван земјотрес во Виница и околината

Најново

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАСА во трка со времето: Инженерите се обидуваат да го спасат „Војаџер 1“

April 19, 2026

СДСМ бара локален референдум за рудникот за антимон во кривопаланечкото село Луке

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk