пишува: РИБАРО
Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, во ТВ интервју рече дека нема што да бара извинивање од Мицкоски (кој нели како дел од толпата беше во Собранието кога го тепаа Села), туку дека треба тепаниот од истата толпа Заев, да му се извини.
Како што информираат извори на АХА блиски до Алијансата, разочарувањето на Села, не застанало само на Заев. Тој бил лут и на Арнолд Шварценегер, Силвестер Сталоне, Том Круз и Чак Норис, за настаните од 27 април кога беа крвнички тепани пратеници во Собранието, а Села го извлече најдебелиот крај.
Имено, Села бил видно разочаран и побарал извинување за нереагирањето на холивудските супер херои и истакнал дека очекувал многу повеќе од само нивно длабоко жалење за немилиот настан.
Редакцијата на АХА, побара одговор од гореспоменатите холивудски ѕвезди.
Том Круз кратко одговори – Тоа беше Невозможна Мисија!
Останатите, видно „посрамени“, останаа без коментар.
На социјалната мрежа Тик-Ток, се огласи и Брус Вилис, кој вели дека е разочаран од реакцијата на Села, зашто не е спомнат како еден од холивудските супер херои, кои требало да застанат во одбрана на Села.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK