Вкупно 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.236 лица.
На „Метрополис“ слушав две жени како ултимативно бараат од возачите по улиците по кои тие одат на работа во „Петар за појадок и пауза“ да даваат жмигавци и да не даваат гас во кривина. Гас, рекоа водителките, се дава на друго место. Хахаха, каква досетливост, браво, мајне дамен… „Празноверни будали во поход на Ерусалим“, пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.
Министерството за финансии на почетокот на овој месец ја организираше Првата годишна конференција на тема „Економско закрепнување и раст по Ковид“. Навистина беше значајно на едно место да ги слушнеме искуствата и ставовите на високите владини претставници од земјата и регионот, но и на претставници на меѓународните финансиски институции, вели министерот за финансии Бесими.
Во холот на НАТО во Пентагон се одржа церемонија на откривање на македонското знаме кое по членството во НАТО им се придружи на 29-те знамиња на останатите земји членки на Алијансата. Знамето симболично го открија министерката Радмила Шекеринска и помошничката секретар за одбрана на САД, Лора Купер.
Ковид-19 е реалност, луѓето не заболуваат од хемикалиите со кои наводно нè прскаат од небо. Постот што го анализираше Вистиномер.мк ја шири светски познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Но, уште пред пет години група од 77 научници, откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци, објавија извештај дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“.
М. М.