Македонскиот мозаик ги има најубавите бои. Боите на мозаикот се темелите на нашата граѓанска држава и слободна татковина. Држава на сите граѓани и на сите етнички заедници – Општество за сите. Едно, единствено и еднакво. Општество на мир и просперитет, напиша премиерот Заев на Фејсбук.
Вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица. А денес до 15 часот, бројот на попишани граѓани надмина еден милион.
Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница, соопштија од Министерство за здравство.
Врз база на стара и нерелeвантна студија, претставена како нова, на Фејсбук група е пласирана невистинита објава дека лекот Ивермектин предизвикува неплодност кај огромно мнозинство од машката популација, пишува „Вистиномер“. Но лажна вест е дека лекот преидзвикува неплодност.
Македонскиот стартап „Creative Hub“, кој во 2019 година се најде на листата на најупешните на Форбс „30 под 30“, вчера победи на Глобалниот Инвестициски настан Мајами 2021. Од „Creative Hub“ информираат дека ова е прва победа на македонска компанија која на настанот беше презентирана од основачот Аријана Коскарова на инвестициски самит во САД.
М. М.