ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Две години на првата линија

September 21, 2021 08:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

По околу 50 илјади објавени содржини, 1.250 колумни, коментари и анализи, најмалку по една политичка сатира неделно (во просек)… По повеќе од 1.000 пораки со поддршка, прашања и предлози, жалби до Советот за етика од Наќе Чулев, Бранко Героски, Искра Коровешоска, ген. Методи Хаџи-Јанев (имаме и тужба од него) и други… По голем број закани и притисоци од радикални структури, два-три „кромиди“ што мазно ги кркнавме и неколку деманти и барања за исправка на ненамерни грешки (навистина, изненадувачки мал број)… Со огромен број редовни читателки и читатели и деноноќна, посветена работа на Редакцијата и соработничките и соработниците… Фронтлајн слави две години постоење!

УСПЕАВМЕ

„Браво друже, издржавте!“ – ми рече некој деновиве. „Не се работи за тоа дека издржавме. Успеавме!“ – беше мојот одговор.

Со скромни средства, во време-невреме, ја започнавме оваа приказна, НА ПРВАТА ЛИНИЈА. Започнавме непосредно пред да избувне пандемијата од КОВИД-19 што сè уште трае. Со два изборни процеси во меѓувреме. Кој води проекти и бизниси во изборни години, добро знае колку се тешки тие периоди.

Значи, тргнавме во вистинска авантура. Изборите ги спомнав, затоа што време пред избори не е добро за почнување било каков бизнис, па ни медиумски. За пандемијата, време кога економијата запре во целиот свет, не мора посебно да зборувам. Но успеавме! Искрено, не очекувавме толкав успех, но тој е тука, видлив и неодминлив.

ЗАПОЧНАВМЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИРОТ

Најважно од сè, започнавме на еден прекрасен датум: 21 септември, Меѓународниот ден на мирот!

Не беше лесно. Веднаш по самиот почеток, се случија работи што ваков потфат можат да го осудат само на неуспех. Разбирливо беше да пропаднеме на самиот почеток. Добронамерните и оние што ги познаваат приликите немаше да каже дека е срамота што се повлековме. Но ние не го сторивме тоа. Не се повлековме. Останавме НА ПРВАТА ЛИНИЈА.

Навистина, сè е до луѓето. Говорам за оние луѓе, мои колешки и колеги кои несебично и решително влегоа во овој проект. Од самиот почеток до сега, деноноќно ѝ го подаруваат своето време, креативност и труд на јавноста. Деноноќно, НА ПРВАТА ЛИНИЈА. Им благодарам и им се поклонувам.

И не помалку важно! Во име на Редакцијата и во мое име, ѝ благодарам на бројната и верна читателска публика која веднаш препозна искреност и посветеност и која нè поддржува секојдневно.

ДОСЛЕДНИ

Се трудиме да ја оправдаме довербата и да останеме доследни на тоа што го ветивме на самиот почеток (ЗА НАС):

Го отвораме Фронтот за одбрана на македонската иднина, за евроатлантските интеграции, за правда и демократија, за човекови права, еднаквост и слобода.

Ќе се обидеме заеднички да ги разбереме тешките одлуки во процесите за реформи и демократска трансформација на општеството. Да го изодиме тешкиот пат од клиентелистичко во општество во кое владеат европските и зелените вредности. Ова е Фронт против национализмот, омразата, радикализмот. Ќе дадеме сѐ од себе да бидеме пример за општествено одговорен медиум.

Останавме доследни на овие зборови. Останавме НА ПРВАТА ЛИНИЈА, на линијата каде што се бранат и унапредуваат прогресивните идеи и процеси. Нашата концепција е јасна и транспарентна.

Ја известуваме нашата сè побројна публика колку што можеме попрофесионално, следејќи ги нашите вредности, убедувања, определби и ставови. Ништо повеќе, но и ништо помалку.

ОСТАНУВАМЕ НА ПРВАТА ЛИНИЈА

За сите убави моменти, за поддршката и довербата, за сите добронамерни совети и критики, но и за сите злонамерни постапки и закани – можеме да бидеме само бескрајно благодарни, бидејќи сето тоа нè прави посилни, подобри и поуспешни, со секој ден што изминува НА ПРВАТА ЛИНИЈА.

Драги мои колешки и колеги, драги читателки и читатели, нека ни е честит вториот роденден на Фронтлајн! Остануваме НА ПРВАТА ЛИНИЈА!

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk