Намалените меѓуетнички тензии нотирани во истражувањето на „Брима“. Меѓуетничките односи не спаѓаат во главните проблеми со кои се соочуваат граѓаните…Како помина ТВ дуелот на двајцата лидери на партии, Зоран Заев и Хрисијан Мицкоски“, Владата го демантира Мицкоски…Да не лаже дека Владата нарачува анкети во своја полза и да се извини…Славиме втор роденден, Ви благодариме за поддршката драги читатели…
ПОЛИТИКА, ПОПИС И ЛАЖНИ ВЕСТИ
Мицкоски, заврши времето кога можевте да бидете обвинител, истражител и судија, заврши тоа време, денеска има независни професионални инстанци, истакна претседателот на СДСМ во вечерашниот ТВ дуел на телевизија Канал 5. Заев посочи дека однесувањето на Христијан Мицкоски е политичко профитерство и го повика да остави истрагата да ги даде одговорите за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.
Лага е изјавата на Мицкоски дека Владата платила за анкетата објавена од Брима, да се извини за ваквото дезинформирање и на граѓаните и на Владата… Ваквите лаги се неодговорно однесување кон јавниот интерес и имаат за цел да и наштетат на Владата доведувајќи ги граѓаните во заблуда и поткопувајќи ја довербата во институцијата.
Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ по клучните прашања, прашува новинарот Васко Ефтов…. „Ќе водите национализам? Ќе играте на националистичка карта? Ќе бидете против Преспанскиот договор? Охридскиот договор, Референдумот од 30 септември, вакцини и вакцинација, за Пописот?….Ефтов на народот бараат одговори.
Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.742 лица.
И Македонците и Албанците најмногу се согласуваат во едно – дека меѓуетничките односи не спаѓаат во главните проблеми со кои се соочува земјата – покажува редовниот политички барометар изработен од агенцијата „Брима“ во периодот од 27 август до 9 септември годинава. Од „Брима“ велат дека се намалува етничкиот јаз.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) при вонредните инспекциски надзори во 18 модуларни болници во државава не констатирал недостатоци. Извештаите од нашите експерти се очекуваат многу брзо да бидат готови, информираа вчера надлежните.
ФРОНТ:
Две години на првата линија. ФРОНТЛАЈН денес го слави вториот роденден. За сите убави моменти, за поддршката и довербата, за сите добронамерни совети и критики, но и за сите злонамерни постапки и закани – можеме да бидеме само бескрајно благодарни, бидејќи сето тоа нè прави посилни, подобри и поуспешни, со секој ден што изминува НА ПРВАТА ЛИНИЈА. – пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.
Јавноста е опсипана со партиски напади и контра-напади, главно персонално насочени, за потенцијалните и вистинските кандидати за изборите. Опозицијата гаѓа од сите орудија, власта на тоа одговара со широки државни промоции на активности чија цел се локалните изборни математики, пишува САШО ОРДАНОСКИ.
М. М.