Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, 40-та во светот…Борбата за кликови и читаност е сурова, лажни или прикриени наслови ги насочуваат читателите во погрешна насока, затоа сегогап читајте ги целите текстови…ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законските измени за недела работен ден, обвинуваат од СДСМ…
ПОЛИТИКА, БЕЗБЕДНОСТ, ПАРТИИ
Северна Македонија најбезбедна земја на Западен Балкан. Индексот на Северна Македонија е зголемен за 11 индексни поени, и државава е на 40-то место во светот, додека на прво место во светот е Исланд, а на последното 163-то се наоѓа Авганистан.
Клик-бејт наслов прикрива дека поранешен, а не актуелен амбасадор бара оставка од Заев. Ваквиот наслов, освен што е сензационалистички, тој е и манипулативен за читателите, затоа што кога ќе кликнат на текстот ќе сфатат дека се измамени и дека не станува збор за актуелен амбасадор, туку за Арсим Зеколи, поранешен амбасадор кој таа дипломатска функција ја извршувал пред многу години, пишува Вистиномер.
ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законските измени за недела работен ден, обвинуваат од СДСМ. Со ваквиот однос јасно е дека им следува нов седми пораз од граѓаните кои одново ќе ги поразат ваквите погубни и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и неговите пратеници“, се вели во партиската реакција.
Попишани 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.982 лица.
ФРОНТ
Има разлика: Заев фрла ѓуле, Мицкоски вози стипл-чез…Бидејќи Заев има долга, тешко стекната раководна партиско-државна историја и во опозиција и на власт… Мицкоски само долго има голема желба да дојде на власт. Искуствата им се потполно различни, посебно чувството за одговорност и „тежината“ од носењето тешки државнички одлуки – Заев е веќе влезен во македонската историја, додека Мицкоски „од клупата“ редовно се загрева покрај теренот и повремено вика „Уа судија!“….пишува колумнистот Сашо Орданоски.
КОВИД 19 ПАНДЕМИЈА
Д-р Софијанова: Ковид 19 кај деца, од асимптоматска болест до мултисистемско засегање. Во април 2020 година, извештаите од Обединетото Кралство документираа презентација кај деца слична на нецелосна Кавасаки болест или синдром на токсичен шок. Оттогаш, има извештаи за слично погодени деца во други делови на светот. Состојбата е наречена мултисистемски инфламаторен синдром кај деца“, истакна проф. д-р Софијанова.