ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Tричковски: Заминува големата Меркел

September 24, 2021 19:00
in АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Некои анализи покажуваат дека Меркел би можела да има уште едно Божиќно обрањаќе како канцеларка. Тоа ќе зависи од резултатите на изборите в недела и од коалициските пресложувања по гласањето. Но тоа се технички аспекти.

Најважниот политички аспект е дека најголемата, најмоќната и според многумина, најдобрата политичарка во повоена Европа, која својата политичка реализација и кариера ја градеше во најтешки услови, доброволно, значи не на избири, не со политички пораз туку елегантно и достоинствено и затоа триумфално, ја предава најважната функција во Германија и во Европа  после цели 16 години.

Нека да се потсетиме:

Нејзините шеснаесет години беа време на големата финансиска криза, со посебни предизвици за најмоќните држави на Европската унија и на Унијата како таква и со особено драматични изрази и одрази на јужните ободи на европскиот шешир, тоа се години на мигрантската криза, на јакнењето на популистичките, евроскептичните и антиевропските расположенија, проекти и режими во средна и јужна Европа, тоа е време кое го донесе предизвикот наречен Трамп  како светска трамполина на најблесавиот популизам, фашизам и расизам, на сепоизразената агресивност и амбициозност на Русија и на Кина во светските работи, на јакнењето на таканаречените суверенистички платформи во рамките на ЕУ, време на Брегзит, на блокираните европски амбиции на Западен балкан поради внатрешни и надворешни причини, на светските геостратегиски поместувања и пресложувања (Либија, Сирија, Ирак, Украина, Авганистан…) со очекувањата што на тој план ќе ги донесе Бајден, време на пандемијата на ковид 19.

Итн.

Грандиозна кариера.

Јас ја доживував како единствена политичарка во која можам да имам безрезервна доверба. И имав. Нејзината работа и нејзината појава, нејзиниот говор, нејзините гестови, сакоата во јарки бои, ја обликуваа Меркел во икона на модерната политика и во лидер на светот кој се труди дa остане нормален и разумен во времињата кога заглупавувачките и екстремни тенденции беа зеле голем замав.

Европа губи на важноста во светските работи поради неповолниот развој на светската ситуација со јакнење на улогата на други субјекти, но уште повеќе поради внатрешни раздори и неединства предизвикани од земји кои излегоа од бедата и комунистичкото ропство на грбот на Унијата, за да потоа вредносно и политички се дистанцираат од неа ослабнувјки ги нејзините геополитички габарити. И своите, зад првиот свиок, што популистите од унгарски или полски, па и бугарски клибар, не се во состојба да го видат.

Не знам дали тоа може да се стави на страната на неуспесите на Ангела.

Или тоа што е Унијата денеска е масимумот што во дадените историски моменти бил можен. Особено ако се знае дека има и добри знаци околу јакнењето на европското единство како единствен начин за одбрана на континенталните позиции во светскиот натпревар.

Македонија ќе и се наклони до земја.

Германија и лично канцеларката направија многу за развојот на нашата држава и за нејзината интеграција во Европа. Блокадата на Бугарија германските политичари ја доживеаја како некоректен и штетен потег на Софија, како изневерување на европсоките стандарди и како свој личен пораз. Нема сомневање дека Меркел ќе беше посреќна и позадоволна да можеше да замине со датум и почеток на преговорите со Северна Македонија. Бугарија плаќа не мала цена за својата неразумност и непочитување кон Брисел, Берлин и Париз. Да се надеваме дека до декември свеста за тоа ќе ги смени одлуките во Софија за што Скопје мора да даде свој поттик.

В недела се очекува неизвесна трка. Најголеми шанси за нов канцелар има сегашниот министер за финансии, социјалдемократот Олаф Шолц. Како шеф на коалицијата “семафор”. Но, не е без шанси и наследникот на Меркел кај христијанските демократи, Армин Лашет, како прв човек на коалицијата “јамајка”. И двајцата се со недвосмислен проевропски отиентации и капацитети. Нацистите се маргинализирани и под контрола. Како и во Македонија. Не толку како во Германија, ама тука никогаш нема да добијат уште една шанса да ја доупропастат Македонија.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk