ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Дали ако градоначалникот на Петровец крадел, институциите треба да молчат само затоа што има избори?

September 25, 2021 16:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на општина Петровец кој е и кандидат на опозициката ВМРО-ДПМНЕ за нов мандат заедно со уште четири лица го оштетиле буџетот на општина Петровец со над 1.5 милион евра, а ова се случува по само два дена од промовирањето на алатката со која секој граѓанин ќе може да реагира до институциите и да пријави злоупотреба на положба или пак корупција, како еден поттик за сите граѓани дека на патот во борбата против криминалот институциите се силно мотивирани и темелни во истрагите.

Институциите покажуваат неселективност, колку и да ја злоупотребува опозицијата оваа ситуација за политички поени, сепак ако некој направи криминал не може и не треба да му се прогледа низ прсти само затоа што се избори, туку напротив ова е доказ дека граѓаните се предупредени кој сака да им ја води нивната општина и како ќе ги троши нивните пари во иднина.

По анонимни претставки од мај за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец, Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец, потврди Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.

Градоначалникот заедно со останатите го оштетиле буџетот на општина Петровец со над 1.5 милион евра, а ова се случува по само два дена од промовирањето на алатката со која секој граѓанин ќе може да реагира до институциите и да пријави злоупотреба на положба или пак корупција, како еден поттик за сите граѓани дека на патот во борбата против криминалот институциите се силно мотивирани и темелни во истрагите.

Првопријавениот, во својство на градоначалник од 2009 година до сега, од 2012 година овозможил плаќање на 24 фиктивни фактури на правниот субјект „Аце транс” – Скопје, во вредност од над 31,84 милиони денари, по основ за извршени јавни набавки, иако знаел дека работите не се извршени.

Сериозни сомнежи и индиции за манипулации и трошење на средства на граѓаните и на државата за неколку спортски федерации се пријавени преку претставки за се работи за претставки за работата на Боречката и Скијачката федерација, а тоа охрабрило пријави и за други федерации помеѓу кои и Автомобилската и Пинг-понг федерацијата.

– Тоа е уште еден голем успех, со тоа што граѓаните, и оние кои што имаат информации, поттикнати од постапувањето, не од непостапувањето, и од праќањето на пораките дека нема селективност, и нема неказнивост, во сите овие случаи, се охрабрени и стигнаа уште претставки кои што ќе бидат препратени или се веќе препратени, информираше Николоски.

Како што тој изјави претходно ние сме единствена земја во регионот која битката за корупцијата ја издигна на повисоко ниво, со подготвено законско решение и затоа доби поддршка од сите европски институции и во Брисел и во Виена каде што е седиштето на главната канцеларија на ОН за борба против корупција и Северна Македонија е лидер во регионот во спроведување на овие реформи.

-Започнавме борба со криминалот, влегуваме во новата програма на ОЛАФ за борба против измамите, таму се сите земји членки кои може да користат од новиот буџет во вредност од 180 милиони евра и со тоа се даде значење и признание на сите промени кои ги правиме во правец на борба против корупцијата и криминалот., рече тој.

Готов е и закоонот за конфискација на имот, по процедурите на база на студијата на Советот на Европа, доколку некој ќе стекне имот за кој нема покритие како го стекнал и разликата е 30.000 денари институциите ќе алармираат, ќе има постапка и процедура и ќе може да се истражи. во моментот законот е само за функционери додека се на функција, тие ги префрлаат на други имиња и по кривичните постапки си го враќаат имотот назад, дури и при правосилни пресуди.

-Ќе можат да пријавуваат и граѓаните затоа ќе ги јакнеме капацитетите на финасиската полиција, затоа нема да има потреба од кривична пресуда туку во брза граѓанска процедура се конфискува имотот. И ќе ги демотивираме оние кои сакаат да пишат на нивно име имот бидејќи ќе бидат проверени. Мора да го менуваме менталитетот, мора по 30 години да не го изигруваме законите и она што е на државата да се врати на граѓаните и да ја средуваме државата, да се градат градинки, училишта. Се надевам дека на овој начин ќе ги вратиме младите, рече Николовски.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk