ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фон дер Лајен: Давам целосна поддршка за отпочнување на преговорите на Албанија и Северна Македонја со ЕУ

September 28, 2021 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана, на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин, албанскот премиер Еди Рама рече дека дава целосна поддршка за отпочнување на преговорите на Албанија и Северна Македонија со ЕУ. 

-Давам целосна поддршка за преговорите со Албанија и Северна Македонија што е можно поскоро. Ние разговаравме за тоа во минатото, работиме на тоа. Двете земји ги исполнија сите свои задачи и сега ние сме тие што треба да го реализираме својот дел. Јас сум одлучна Албанија и Северна Македонија да ги отворат преговорите што е можно поскоро. Многу очекувам меѓувладината седница да биде до крајот на годинава, рече таа.  

Рама, во неговот познат стил  рече дека „веќе нема да се подготвуваат за свадба, зашто тоа сега е во рацете на сватовите“. 

-Многупати до сега бевме подготени за свадба, но сватовите не дојдоа, сега не се подготвуваме за свадби, туку за изјави на љубов, бдејќи свадбите се во рацете на сватовите. Ние сега ја правиме нашата работа не дека бараат Брисел, Париз или обединета Европа. Продолжуваме да го користиме знаењето и искуството на ЕУ за да се модернизираат нашите институции за нашите деца. Потоа, дали конференциите и поглавјата ќе бидат отворени или не, ова е прашање на ЕУ, не на Комисијата, туку на член на европското семејство кој со инает се однесува кон друг, а друг држи како заложник. Имаме толку многу други работи што треба да ги направиме што не треба да го губиме фокусот, трпението или смиреноста, туку треба да одиме напред, рече Рама.  

 

Фон дер Лајен зборуваше и за помошта што ЕУ ја дава за земјите од Западен Балкан, пред се, во справувањето со пандемијата и за зајакнувањето на економјата, а се задржа и на Берлинскиот процес, оценувајќи дека „колку е побрз Берлинскиот процес, толку побрза е интеграцијата во ЕУ“.  

Фон дер Лејен во рамки на престојот во Албанија најпрво се сретна со премиерот Еди Рама, потоа со шефот на државата Илир Мета, а прсуствуваше и на пуштањето во функција на реконструрани училишта и градинка кај Круја, погодени од катастрофалниот земјотрес, обновени со европски пари.  

По средбата со Фон дер Лајен своја објава на Фејсбук имаше претседателот Илир Мета. 

 

-Задоволство беше да се сретнам денес со претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Имаме доверба во Европската унија и поддршка од Комисијата за унапредување на односите меѓу нас. За таа цел, интензивирањето на билатералните напори за решавање на внатрешните и надворешните предизвици е клучно за заедничкиот успех, напиша Мета на Фејсбук.

Next Post

Шилегов: Ова е пакетот финансиска поддршка за сите групи граѓани во следните четири години

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk