Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, вчера излезе со капитално ветување дека ќе воведе целосен бесплатен јавен превоз на скопјани. Овој нејзин капитален проект до голем дел од јавноста е протолкуван како голем гаф и гол популизам за да се манипулира со граѓаните.
Арсовска за да ја поткрепи својата капитална идеја за бесплатен јавен превоз, навлегува од гаф во гаф и наведе дека таквиот проект е успешно реализиран во 67 (шеесет и седум) држави во Европа.
Според податоци на Википедија, во Европа има вкупно 50 суверени држави, шест нецелосно признаени.
Петре Шилегов ваквите ветувања ги смета за популистички и вели дека е запрепастен како некој себеси се претставува за менаџер без да ги знае основните работи на јавниот превоз во Скопје.
„Арсовска продолжува исто како вчера, со од ракав истресени проекти на кој никој не верува и служат за потсмев на социјалните мрежи. Ако вчера вети бесплатен превоз на кој цело Скопје се смее, денес ова го надополни со нова уште поголема лага, ветување за 250 нови автобуси. Во отсуство на конкретни решенија што се одлика на лоши и неподготвени кандидати таа мисли дека со мегаломански ветувања ќе го покрие своето незнаење и безидејност. Утопија се овие ветувања на Арсовска, додека готовиот план за Бас рапид системот се реалност која веќе се реализира“, реагира градоначалникот Шилегов.
Ј. Ѓ.