ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фон дер Лајен од Подгорица со порака за Западен Балкан: Ве сакаме во ЕУ

September 29, 2021 17:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Подгорица рече дека на Црна Гора „и треба дијалог за да напредува во владеењето на правото“, и оти е неопходно да се надминат поделбите во општеството.

– Потребен е политички дијалог во Црна Гора за да напредува во владеењето на правото, според привремени стандарди на европскиот пат. И мора да внимавате да нема назадување во постигнатото … Потребен ни е компромис, заштита на малцинствата, да спроведуваме мерки што ќе ја доближат Црна Гора до ЕУ, рече фон дер Лајен на прес-конференција во Подгорица, по разговорите со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Фон дер Лајен е во посета на регионот и пред Подгорица, ги посети Тирана, Скопје и Приштина, а подоцна денеска патува за Белград.

Претседателката на Европската комисија негираше одредени медиумски наводи дека Брисел се откажал од проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан и рече дека нејзината посета е „експлицитна“ порака за европската перспектива на регионот.

– Мојата посета е исклучиво за европска перспектива, за да ве охрабрам. Доказот дека го сфаќаме ова сериозно е ревидирана методологија и голем инвестициски план. Нашата порака е јасна, ве сакаме во ЕУ, рече таа.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе работи заедно со земјите од регионот за закрепнување на економијата и додаде дека со заеднички напори треба да „повлечат уште 20 милиони заеми“ за регионот.

Таа најави дека ЕК ќе поддржи изградба на одредени делови од автопатот Бар-Бољаре и прецизира дека се работи за обиколница кај Подгорица.

Фон дер Лајен ги повика „партнерите“ на Западен Балкан да ги забрзаат активностите за воспоставување заеднички пазар.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ оцени дека „стабилноста на Западен Балкан е во искушение благодарение на упорната офанзива на геополитичките интереси, кои се спротивни на европската платформа, европскиот систем на вредности и единството“.

– Многу е важно што посетата се случува во време кога регионот поминува низ нови искушенија, кои го предизвикуваат сегашното ниво на стабилност на Западен Балкан, рече тој.

Фон дер Лајен се сретна и со премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ

Next Post

Попладневен преглед: Арсовска со утопистички ветувања за Скопје, Мисајловски како да не живеел во Ѓорче Петров во последните четири години

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk