ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Фрчкоски: Заев ги решава проблемите кои навистина се крупни, Црвенковски немаше храброст да донесе одлуки

September 29, 2021 15:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Љубомир Фрчкоски. Фото: скриншот од Утрински брифинг

Љубомир Фрчкоски. Фото: скриншот од Утрински брифинг

Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве проф. д-р Љубомир Фрчкоски е многу актуелен со предлогот да стане амбасадор на Северна Македонија во ОН, на што денес на Фејсбук регираше Антонио Милошоски како претседател на Комисија за надворешна политика во Собранието.

-Не знам дали јас да го коментирам ова оти процедурата сѐ уште не е завршена. Впрочем, именувањето на амбасадорите е поврзано со надлежностите на претседателот, а не е поврзано со Собранието. Ова што го прави Милошоски е обид за некаков пазар и притисок кон власта, вели Фрчкоски за Утрински брфинг на „Слободен печат“.

Тој појаснува дека улогата на Собранието преку Комисијата за надворешни работи е факултативна. а не суштинска преку сослушувањето на идните амбасадори што го прави оваа комисија.

-Мислам дека претседателот треба да си ги преземе уставните и законските надлежности поврзани со неговата улога во надворешната политика на земјата, а со тоа и околу амбасадорите, вели Фрчковски.

Конференцијата што неделава ја организираше МАНУ по повод 30 години од независноста на Македонија, Фрчковски ја коментира како задоцнета и несоодветна.

– Она што е важно кај овие прослави е меморијата и затоа треба да се организираат добри платформи и дебати. Таа меморија значи државна архива. Овде не беше концептот од таков тип. Ова беше една карактеристична македонска политичка паника дека сѐ што не било во ред некогаш сега некој треба веднаш да ги реши. Тоа е алиби за нивната лоша политика, ги коментира Фрчкоски настапите на поранешните претседатели Црвенковски и Иванов.

Тој смета дека проблем на поранешните претседатели е што сега за две години се решаваат некои клучни работи.

-Сеедно е кој го прави тоа. Преспа, влезот во НАТО, ние сме пред договор со Бугарија и решавање на целиот круг од соседите и почеток на преговорите со ЕУ. Работата оди во добра насока. А тие изнесуваат некои катастрофични сценарија, вели Фрчкоски.

Со Заев не е само игра на суети, туку проблемот е што Заев ги решава проблемите и тоа ги решава на добар начин. А не суетните проблеми на Бранко и неговото немање храброст  да донесе одлуки и немањето на никаков концепт. Преспа е добар договор. Дијалогот со Бугарија ми е многу интересно како се води и како некои се палат. Прво имаше шокови, па се појавија националистите – прво проблем беше јазикот, кој не го губиме но никој не се извини за паниката што се крена, а сега се јави прашањето со бугарскиот фашизам. Не може да се одречат фашистите дека не постоеле оти тоа се кривични дела. Но во една ваква машина ќе се исперат енергиите и ќе добиеме решение кое е во ред, коментира Фрчкоски за Утрински брифинг.

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, неодамна повтори дека најважен фактор за постоењето на Македонија се Американците. Фрчковски оценува дека тоа е точна проценка.

-Во 1992 бевме сами. Тогаш 200 американски војници дојдоа во Тетово, за првпат под туѓа команда, за да помогнат да се спротивставиме на политиката на Милошевиќ. Во 1993 Милошевиќ и формално има понуда до Мицотакис за поделба на Македонија. Потоа почна да се гради политичката и дипломатската линија. Тој раскин со Србија беше одлука на Глигоров и тој ја плати цената за таа одука, вели Фрчкоски.

Ако се помине како што предвидуваат процедурите што е нашата работа во ОН како центар на светската политичка моќ низ призмата на мултилатерализам.

-Македонија како мала држава има предност во мултилатералните средишта, во Брисел, во НАТО, и тука е многу важно претставувањето. Нашето претставување е дека Македонија е добра приказна. Лани два успеха беа издвоени од Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш: мирот во Етиопија и Преспанскиот договор. Македонија треба да почне да го наплатува тоа . Во соработка со соседите сме регионален пример и тоа треба да го истакнеме. Ние сме заморени да нѐ учат, но сега може да учествуваме како едукатори како се решаваат проблемите во мултиетнички средини. Тука може да играме многу значајно, коментира Фрчкоски за Утрински брифинг.

 

Next Post

Обвинение против „лажна попишувачка“ од Скопје за шест тешки кражби

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk