ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Училиштата не се отворија за да се собере генетски материјал

September 29, 2021 14:47
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Тврдењето дека училиштата се отвораат за „да се собере генетски материјал“ се коси со законите кои се однесуваат на тајноста на здравствените податоци и заштита на правата на пациентите. Споделувањето на ставови со сомнеж за „собирање на генетски материјал“ не е ново и често е присустно кога се споменува вакцинацијата против ковид-19. Овие сомневања доаѓаат во пресрет на најавениот скрининг за присуството на коронавирусот меѓу училиштата. Министерството за образование и наука (МОН) информира дека на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, пишува „Вистиномер“ во новата анализа.

„Ги отворија училиштата не да ги учат децата туку да им собираат генски материјал преку тестови“, е пораката на Фејсбук со предупредување за наводната позадина на отпочнувањето на учебната година со физичко присуство. Постот којшто целосно дезинформира, предизвика прилично внимание и досега е споделен 13 пати.

Прво, по изминатата учебна година, која се одржа онлајн, оваа година сите препораки на меѓународните организации, како УНИЦЕФ, беа преминување кон настава со физичко присуство во функција на подобрување на знаењата на учениците. Одлуката на Владата на РСМ да се отворат училиштата беше поздравена со соопштение од Патриција ДиЏовани, претставник на УНИЦЕФ во државата. Според неа, Македонија го имала најдолгото затворање на училишата во траење од 54 недели, што е над светскиот просек од 24 недели.

Од нашето истражување со раководителите на училиштата, наставниците и родителите во Северна Македонија, знаеме дека, иако образованието од далечина помогнало децата да продолжат да учат, над половина од наставниците забележале пораст во бројот на ученици кои имале тешкотии или не успевале да го усвојат наставниот материјал поради наставата од далечина. Освен тоа, пред пандемијата на ковид-19, Северна Македонија веќе се соочуваше со образовна криза. Иако дава надеж тоа што земјата покажа подобрување при последните резултати од ПИСА, над половина од сите петнаесетгодишници во земјата не ги достигнале основните нивоа на знаење по читање и математика. Секое континуирано нарушување на образованието може да ги поништи овие придобивки, се вели во изјавата на ДиЏовани

Ставот прифатен од македонските образовни власти е „училиштата први да отворат, а последни да затворат“.

Второ, тврдењето дека училиштата се отвораат за „да се собере генетски материјал“ се коси со законите, кои се однесуваат на тајноста на здравствениите податоци и заштита на правата на пациентите.

Во членот 25 од Законот за заштита на правата на пациентите пишува:

Човечките супстанции од коишто може да се идентификува пациентот мора да се чуваат во тајност, во согласност со прописите за заштита на личните податоци (став 5).

Заштитата на податоците е пропишана и во Законот за здравствена заштита:

Пациентот има право на тајност на податоците што се однесуваат на неговата здравствена состојба, медицинската, односно клиничка состојба, дијагнозата, прогнозата и третманот, како и сите лични податоци и други информации, кои мора да се чуваат во доверба, дури и по неговата смрт, во согласност со прописите за чување на професионална и деловна тајна, како и за заштита на личните податоци.

Споделувањето на ставовите со сомневање на „собирање на генетски материјал“ не е ново и често е присустно кога се споменува вакцинацијата против ковид – 19. Овие сомневања доаѓаат во пресрет на најавениот скрининг за присуството на коронавирусот меѓу училиштата. Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе почне да се спроведува скрининг и на учениците во основните и средните училишта во државата, за што деновиве ќе биде презентирана и методологијата.

По почетокот на школската година се забележува очекуван раст на случаите меѓу учениците. Фактот што најголем дел од младите на таа возраст го поминуваат вирусот асимптоматски, упатува на потребата од вакво тестирање да се види реалниот број на заразени во училиштата и да се процени точно ризикот. Она што е важно е дека засега состојбата во училиштата е стабилна, но ваквото тестирање ќе ни даде точни информации и сознанија за понатамошен менаџмент на пандемијата и обрзованието, кажа министерот

Во некои од европските земји, се спроведува редовен скрининг во училиштата. За илустрација ја споделуваме практиката во Германија. Невакцинираните ученици се тестираат три пати неделно, додека невакцинираните наставници треба да прават тест за корона секој ден. Доколку заболи некој ученик, наместо карантин, сите соученици во класот треба да се тестираат најмалку пет дена со брз корона тест секој ден. Ова важи за сите типови училишта. Во некои од покраините, како Баден Виртемберг се укина задолжителното носење на маски во замена за редовно тестирање. На учениците им се даваат тестови, кои се прават дома, пред тргнување на училиште. Во Баварија брзите антиген тестови во училиштата се задолжителни за сите ученици три пати неделно.

Во Австрија, тестирањето се прави и во училиштата, за што се потпишува согласност од родителите.

Кај нас, досега целосно се вакцинирани 3.752 деца и млади на возраст од 12 до 17 години, со опфатот е 2,7%. Министерството за образвоание и наука (МОН) информира дека на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици. Над 72% од наставниот кадар е целосно вакциниран, пишува „Вистиномер“.

 

Next Post
Љубомир Фрчкоски. Фото: скриншот од Утрински брифинг

(ВИДЕО) Фрчкоски: Заев ги решава проблемите кои навистина се крупни, Црвенковски немаше храброст да донесе одлуки

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk