ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Арсовска изгубена во километрите и времето, ВМРО-ДПМНЕ вети чудесни 14.835 проекти, каква е состојбата со бројките на пописот

September 30, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Само неколку денови како е почната изборната кампања, и како тргнало се чини дека на драмолетките ќе им нема крај. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, како по обичај, срипаа први со мегаломанштината. Ветија реализација на милијарда и триста проекти, Арсовска пак, е изгубена во километрите… Долгоочекуваниот попис финишира.

ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ И ПОПИС

Ветувањата на Арсовска од ден на ден стануваат се посмешни и понелогични. „Од Расадник… до Драчево ќе се стигнува за не помалку ниту повеќе од 5 минути“, истакна независниот кандидат за градоначалник Арсовска на прес-конференција.

Данела со „кромид“ ветување од Драчево:
„Од Расадник… до Драчево ќе се стигнува за не помалку ниту повеќе од 5 минути“.
Од зградите Расадник до Драчево има 8-9 км. За да се извозат за 5 мин., треба да се вози над 100км на час, а дозволено е 50!
Седи Данела, кец по математика! pic.twitter.com/exYRq1ZVDt

— Seir MK (@Seir_mk) September 30, 2021

Визната либерализација има свои критериуми, свои стандарди, коишто мора да бидат почитувани и мора да бидат одржани. За жал многу често се злоупотребува, ама од поединци, истакна денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го документот во кој се наведува дека дел од земјите-членки на ЕУ се загрижени за злоупотреба на визната либерализација.

Патот до ЕУ како што знаеме е долг и комплициран и полн со предизвици, но за мене нема сомнение дека Западен Балкан е целосно посветен на тоа да стане дел од ЕУ и затоа ние се трудиме најмногу што можеме тоа да се случи, нагласи денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Велимир Смилевски од СДСМ, во гостувањето во „Студио 10“  кажа дека изминатите 4 години се изработени многу работи во општината. Во текот на дебатата по упатените критики од страна на Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, дека не се остварени проектите што се ветени Смилевски рече дека Костовски со своите изјави  само ги лаже граѓните.

Честитки до ДЗС за пописот, бидејќи беше сложена и тешка операција, која првпат се случува после 20 години и со нова методологија на Евростат, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ. Тој кажа дека имало и политички проблеми, но и технички проблеми и хакерски напади, ама и покрај тоа очекува денеска ДЗС да каже дека пописот е успешно завршен.

Во изминатите 4 години општините работеа транспарентно, напорно и вредно, со силна поддршка од централната власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. За само 4 години СДСМ реализираше над 7.000 проекти на локално ниво, дела коишто се основа од која тргнуваме одново да ја добиеме довербата од граѓаните, дела кои го менуваат животот на подобро во секое населено место, велат од СДСМ.

 

Нема да се откажеме од инвестирањето во енергетските капацитети надвор од државата затоа што тие се важни за нашето стопанство, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Долгоочекуваната статистичка операција која во државава се очекуваше речиси 20 години финишира и во тек се последните теренски проверки за попишување на оние домаќинства кои од разни причини не биле опфатени досега. Вечерва во 20 часот ќе биде затворена апликацијата за попишување во земјата, но и апликацијата за самопопишување на дијаспората, информира Државниот завод за статистика.

ФРОНТ

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски како по обичај срипаа први со мегаломанштината. Ветија реализација на  милијарда и триста проекти. Пардон, Мицкоски вети точно 14.835 проекти. .. Се сеќавате кога градоначалникот на Скопје Коце и министер за финансии Ставрески свечено пуштаа во употреба една канта и една потканта за ѓубре? Па многу биле 14.835 проекти, шо ве гледам чудни… пишува ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ.

ПАНДЕМИЈА

Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 494 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 474 оздравени пациенти, а починати се 12 лица.

РЕПУБЛИКА И РЕГИОН

Граѓаните на Волково добиваат градинка во својата населба, која ќе овозможи згрижување на 175 деца до шестгодишна возраст, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, го направија денешниот увид во доуредувањето и опремувањето на објектот.

Иницијативен комитет ќе го предложи актуелниот ректор на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, проф. Атанас Герџиков, за кандидат  за претседател на Бугарија, јавија голем број бугарски медиуми. Најверојатно Герџиков ќе биде поддржан од партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ.

Преку мостот на АСНОМ за 70 % се крати времето за патување од Ново Лисиче до Mавровка. Мостот на бул. АСНОМ по реализацијата на завршните градежни работи за помалку од 30-тина дена ќе биде ставен на располагање на скопјани, а особено жителите на Аеродром, Центар и Гази Баба, најави во денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

М. М.

Next Post

Џејн Фонда на насловната страница на полски „Вог“

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk