ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Владата вложува во реконструкција и изградба на современи и безбедни патишта

October 1, 2021 13:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Владата на Република Северна Македонија вложува во реконструкција и изградба на современи и безбедни патишта кои го променија изгледот на Истокот. При денешниот увид на реконструкцијата на локалниот пат до село Цера, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски додаде дека преку ваквите активности олеснето е функционирањето, скратено е времето за патување и модернизирани се патните правци за да можат граѓаните безбедно да патуваат.

-Сите општини ни се важни. Македонска Каменица, со посветената работа на градоначалничката Соња и со соработката што ја имаме, го доби својот сјај. Денеска сме заедно на увид на реконструкција на локалниот пат кој води кон селото Цера, пат кој со години наназад беше оставен во лоша состојба. Со средства преку Министерството за транспорт и врски, заедно со локалната самоуправа, го решаваме и овој проблем на граѓаните. Активностите на терен се започнати. Инвестицијата за негова реконструкција изнесува 16 милиони денари, рече Бочварски.
Ова, како што додаде тој, не е единствениот пат кој во овој момент е ставен на приоритетна листа во Министерството. Ја искористи посетата да најави дека веќе од наредната недела започнуваат градежни активности и на локалниот пат за село Тодоровци, инвестиција вредна скоро 13 милиони денари.
-Исто така, преку Јавното претпријатие за државни патишта се рехабилитира и патниот правец Македонска Каменица – рудник Саса, регионален пат од големо значење за граѓаните на овој регион. Ме радува што градежните работи се завршени комплетно, дури и пред предвидениот рок, а во моментот се работи на поставување на сообраќајната сигнализација. Инвестицијата е во вредност од 2,27 милиони евра, додаде Бочварски.
Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова дополни дека износот кој е доделен од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски изнесува 630 илјади евра, напоменувајки дека од преостанатиот износ од околу 200.000 евара ќе се гради уште една улица и регионален пат кој како прироритет ќе биде утврден заеднички со граѓаните. /МИА/.
Next Post

Заев за пукањето на митинг: ДУИ се оградија, МВР презема мерки, кривично дело е, и одвраќа гласачи

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk