ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Спировска: Ќе бев разочарана ако Шилегов непотребно го прекинеше говорот, со оглед на тоа што другите советници инстантно се погрижија за мене

October 1, 2021 14:47
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дина Спировска е кандидатка за советник од СДСМ за Советот на Град Скопје, која стана позната како жената која на момент ја изгуби свеста на бината зад Шилегов, пред да ѝ помогнат колегите-кандидати за советници.

Дина е родена скопјанка, потекнува од Општина Центар и е член на СДСМ од 2009-тата година и се наоѓа на 17-тата позиција на листата за Совет на Град Скопје од СДСМ.

Во кусото интервју за „Независен“, Спировска раскажува за случката и за тоа како сплетот на настани довеле до тоа, но и за брзата реакција на колегите кандидати за советници и медицинските лица кои беа близу до бината.

„Се чувствувам одлично и подготвена да го дадам најдоброто од себе. Искрено, не ми е сеедно во поглед на коментарите од противниците кои се крајно невкусни и користат нечија здравствена состојба со намера да го оцрнат Петре Шилегов како личност, а и нашата советничка листа. Настан од таков карактер мора да биде професионален, без разлика што може да се случат и вакви непредвидливи и несакани моменти. Јас ќе бев разочарана ако непотребно го прекинеше говорот, со оглед на тоа што инстантно се погрижија за мене другите советници, а и од причина што според мене општото добро е пред личното. Дополнително, во рамки на СДСМ секогаш сме биле сите другари пред сè, тука беа и колегите советници кои ми помогнаа да се симнам, а до бината ме пречекаа медицински лица кои се погрижија за мене“, вели Спировска во интервјуто за „Независен“.

Додава дека на Скопје му недостига љубов, онаква каква што добива во изминатите четири годинии дека предолго време градот беше уништуван и „силуван“.

На прашањето дали Спировска верува дека Скопје и скопјани ќе ја препознаат разликата и на крајот, ќе донесат исправна одлука за градоначалник и Совет на Град Скопје, одговара дека скопјани во изминатите четири години увидоа кој му мисли најдобро на Скопје и дека поголемиот дел од нашите сограѓани се веќе одлучни дека на 17 Октомври својот глас ќе го дадат за Петре Шилегов и советничката листа од коалицијата „Најдоброто за нашата општина“. Оние кои можеби сè уште размислуваат или се двоумат, ги покани да го посетат промотивниот штаб на улица Македонија, каде би можеле да поразговараат со кандидатите за идните проекти, да дадат сугестија и да се запознаат со деталната програма и план за Скопје во наредните четири години.

Во однос на противкандидатката на Шилегов поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и нејзините ветувања кон граѓаните, Спировска смета дека за да се исполни дадено ветување кон некого, пред сè треба да се размисли и осмисли план како тоа ќе се изведе и дали постојат можности за тоа. „Досега видовме најавени и ветени проекти и популистички мерки кои во пракса би било невозможно да се спроведат. Граѓаните знаат да проценат што е добро, вистинско и корисно. Што би се рекло „мачкање очи“ веќе не поминува и реалната слика е сосема различна“, додава Спировска.

Next Post

Битиќи: Новата развојна економија на Северна Македонија ќе биде целосно подготвена и конкурентна за влез на земјата во ЕУ

Shortcut

Најново

Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

МТФ „Војдан Чернодрински“: Менталното здравје на театарџиите под лупа, младите режисери дебатираа за современиот театарски јазик

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk