Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“ Ние стружани велиме дека е Струга е најдобрата општина и затоа е останат тој поим „како Струга нема друга“.
„Струга е мултиетнички град, има од сите нации, најголем дел се Албанци, па Македонци, Турци, Роми, Египќани, Власи и Срби во помал број, и е еден вид „мала Европа“ во еден град. Освен мултиетничноста, Струга е и мултиконфесионална, има од сите верски заедници, има муслимани, христијани и други… Најбитно од сè, а тоа е европска вредност, е дека добро се сложуваме, сите сме за заедништво, нема поделби на етничка или верска база, нема разлика во боја на кожа, нема разлика во нација, одлично живееме во овој убав град. Многу пати сум кажал и повторно ќе кажам дека партискиот живот треба да го сфатиме поинаку, односно да ги спроведуваме партиските програми во партиски штабови, а надвор од штабовите или од партиските центри, треба да не се делиме односно да сме заедно сите. А потврдено е дека можеби партиите нè делат, односно ние се прилагодуваме таму за Х интереси. Но, од друга страна ништо друго не нè дели, живееме во еден заеднички град и сите сме рамноправни во сè, како во пристапот до институции и услугата од институциите кон граѓаните, исто така и вработувањата се одвиваат не по партиска линија туку по меритокрација и не правиме поделби туку го применуваме процентуалниот дел со тоа што секогаш гледаме тој што може во тој дел да придонесува што повеќе.“, вели Мерко.
„Ова што велам дека нема верски и етнички поделби најмногу се гледа и во приватниот сектор во приватни компании каде што тврдам дека не се примаат на работа само Албанци ако компанијата е на Албанец, туку има и случаи каде што повеќето вработени се Македонци и други, него Албанци, што е многу добро за нашиот заеднички живот тука. Од друга страна, отворено кажувам дека не се прави разлика ниту во кафулињата, ни во рестораните, ни во хотелите, не е повеќе како во некое време кога Албанците одеа само во албански локали, или Македонците одеа само во локали каде што газдата беше Македонец, тоа веќе го нема и тоа е едно големо постигнување. Сега не сакам да се фалам дека тоа е благодарение на нас, можеби времето го направи тоа, но ние како локална самоуправа создадовме амбиент за таа работа. Создадовме амбиент дека не треба да има разлики и поделби и во институции, во компании, и било каде на друго место да нема поделба.
Извор: ЦИВИЛ Медиа