Гоце Цветковски, кандидат на ТМОРО за градоначалник на Охрид не престанува да го привлекува вниманието до своите настапи. Прво на дебата на ТВ 24 со кандидатите носеше знаме со сонцето од Вергина (ѕвездата од Кутлеш) и истураше зачин пред противкандидатите. Во дебатата на МРТ пак, најслободно си раскажуваше за проблемите во Охрид.
Кога ја претставуваше неговата изборна програма рече „Тој динамичкиот план да биди динамички, а не да се стави на хартија и хартијата со години да стои во фиока. Срам да ви е, со го**а го наполнавте езероно“.