ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Латас дезинформира за „Скопје 2014“, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ повикува на насилство!?

October 3, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Skopje 2014, Mass building site - by Deian Vladov / HBS / licence: CC-BY-NC-ND 2.0

Skopje 2014, Mass building site - by Deian Vladov / HBS / licence: CC-BY-NC-ND 2.0

Share on FacebookShare on Twitter

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ повикува на насилство. Според видеото кое го објавија повеќе медиуми, Костовски повикува на „чиста Македонија“ и пее „клетите шиптари“. За да биде иронијата поголема, Костовски ќе се бори за градоначалничкото место во Бутел, општина која важи за мултиетничка. Софија и Скопје мора да ги решат разликите на европско ниво, а Бугарија го сака токму спротивното -да ја ангажира ЕУ на своја страна, вели бугарскаа професорка по политички науки, Ана Крастева.

ФРОНТ, РЕНДГЕН, АНАЛИЗИ

Како да се биде новинар…..пишува Бранко Тричковски на ФБ.

Латас на ТВ Алфа со серија дезинформации за „Скопје 2014“. Не е точно дека „За споменици и слично се потрошени неполни дваесет…, околу дваесетина милиона, за се“. Податоците објавени во „Скопје 2014 под лупа“ укажуваат дека за 34 споменици се потрошени најмалку 33.62 милиони евра, а уште најмалку 6.31 милиони евра за Порта Македонија (која е изградена како „скулптура“), и уште 6.49+ милиони евра за други скулптури. Тоа значи дека за споменици и скулптури биле потрошени над 46 милиони евра, а не неполни 20, како што тврди Латас, пишува Жарко Трајаноски.

ФОТО КОМЕНТАР: Помалку луѓе на собирот на Левица и Камиказа, отколку кандидати за градскиот совет. Не им дошле ни сите кандидати што се борат за фотелја во градскиот совет. За кандидатите во другите општини и да не говориме.

ПОЛИТИКА

Ана Крастева

Проф. Крастева: Софија и Скопје мора да ги решат разликите на европско ниво, а Бугарија го сака токму спротивното –да ја ангажира ЕУ на своја страна. Бугарија звучи како од минато, а не како за иднина. Нашиот сопствен развој ќе беше забрзан доколку повеќето од нашите соседи беа членки на ЕУ, смета професорката по политички науки Крастева.

(ВИДЕО) Дарко Костовски – кандидатот за градоначалник и пратеник од ВМРО ДПМНЕ повикува на насилство!? На социјалните медиуми и дел од порталите споделено е видео во кое сегашниот кандидат за градоначалник и актуелен пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ во Бутел Дарко Костовски предводи група на млади и истите ги наведува да скандираат: „Клетите шиптари” и „Чиста Македонија” !!!

 Османи од Германија ја почнува интензивната надворешно-политичка турнеја.

ИЗБОРИ 

Непочитување анти-ковид мерки и (зло)употреба на лице атипичен развој во предизборна кампања во Струга. Низ прошетката во градот, Мерко и кандидатите за општинскиот совет делеле партиски материјали (флаери), и се поздравуваат со граѓаните без почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, односно.

За четири години реализиравме над 7.000 проекти на локално ниво и ги раздолживме општините, изјави на вчерашната трибина во Демир Капија, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи. Тој додаде дека биле наменети 500 милиони евра за проекти на локално ниво и дополнителни 35 милиони евра за 90 проекти на општинско ниво преку ТАВ програмата.

Исчистени се сите диви депонии во Виница, а со регионалната депонија системски ќе се реши овој проблем, рече премиерот Зоран Заев на трибината во Виница. Со изградбата на регионалната депонија системски ќе се реши ова важно прашања. Имаме 37 милиони евра грант од ЕУ и дополнители 6 милиони евра од буџетот. Тоа ќе биде европска депонија по сите атрибути, кажа Заев.

На ВМРО-ДПМНЕ опасно е да им се довери раководење на гранапче, а не пак општина или држава, изјави вчера вечер премиерот Заев во Виница.

СПОРТ И КУЛТУРА

Седумнаесетти Виз Ер Скопски маратон. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе беше во 8 часот, а трката на 5 километри започна во 8:10 часот, од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, каде што е и целта на овогодишниот маратон.

„Интерфест“-Битола додели постхумно признание за Благоја Стефановски-Баге. Јубилејното 30. издание на „Интерфест“ синоќа почна со импресивна изведба на операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало под диригентстката палка на Бисера Чадловска, а продолжува вечер со концерт на дуо пијано Маурицио Матарезе и Карла Авентаџиато од Италија кои ќе изведат дела од Дебиси, Равел и Форе.

И. Т. З. 

Next Post
Фото: Фејсбук профил од Никола Наумоски

Наумоски до Арсовска: Бесплатен јавен превоз со 250 еко-автобуси е како „милијардата на Циле“

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk