ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Талевски: Јовчески измислува изговори за да избега од дебата. МВР поднело кривична пријава против заканувачот, преземени се мерки и случајот е расчистен

October 5, 2021 16:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

– Денеска стигна уште една потврда на она што веќе го знае целата прилепска јавност, дека кандидатот за градоначалник од редовите на ДПМНЕ, Борче Јовчески, ќе измисли секакви изговори само да не се појави на медиумско соочување со Горан Сугарески, истакна на денешната прес-конференција пратеникот и претседател на ОО на СДСМ Прилеп, Миле Талевски.

„Имено, Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против лицето кое преку „Фејсбук“ упатило закани кон Борче Јовчески и неговото семејство, како и тоа дека веднаш се преземени мерки и случајот е расчистен.“, вели Талевски.

Тој нагласува дека со ова, се расчистуваат сите дилеми за причините на неговото бегство од медиумските дебати со противкандидатите.

„Борче Јовчески нема ниту храброст, ниту капацитет да ги соочи своите аргументи за иднината на Прилеп, со другите кандидати за градоначалник.

Очигледно човекот „залутал“ во политиката и е свесен за сопствената неспособност за извршување на една вака одговорна функција, како што е градоначалник на општината.

Нема друго логичко објаснување за небулозите кои ги наведе како причини за одбивање учество на ТВ дебатите.

Паѓаат во вода сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ да ја прикрие очигледната неспособност и инфериорност на нивниот кандидат, во однос на другите кандидати.

Секој оној кој претендира да биде прв човек на градот, мора да покаже лидерство и спремност да се соочи со предизвиците и проблемите.

Она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ е обичен кукавичлук и бегање. Признавање на поразот, кој дефинитивно им следува.

Затоа, на 17 октомври ќе победат, храброста, мотивираноста и одлучноста. Тоа се карактеристики кои се симбол на СДСМ и на идниот градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески.“, рече Талевски на прес-конференцијата.

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ и коалицијата, Горан Сугарески на ТВ дебатата на МТВ вчера, рече дека целосно е разочаран и жали што се случува ова.

„Скандалозно е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да не дојде овде и со другите против кандидати да одговори зошто и како се кандидира за градоначалник на Прилеп и да одговори на прашањата“.

Сугарески на дебатата кажа дека нема оправдување за недоаѓањето на ТВ дуел за презентирање на програмите.

Борче Јовчески, кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ. претходно со соопштение ги откажа сите ТВ соочувања со противкандидатите, заради, како што рече – нерасчистените јавни закани по мојот живот и животот на членови од моето семејство

„Во оваа изборна кампања имам покани за учество на дебати од неколку медиуми во Скопје. Дебатите се пожелни, но во мојот случај замолувам за разбирање што нема да бидам дел од истите, заради нерасчистените јавни закани по мојот живот и животот на членови од моето семејство.“, рече Јовчески

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Николовски: Континуирано и рамномерно се стимулира локалниот развој, во тек се проектите од ТАВ програмата

НАЈНОВО

Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

October 30, 2025

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk