Душко Весковски, кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ според најновата анкета на Рејтинг, е со најголема доверба меѓу граѓаните.
Анкетата изработена од страна на агенцијата за испитување на јавното мислење и истражување на пазарот „Рејтинг“, спроведена врз 700 испитаника преку непосредно теренско истражување, покажува дека 35,7% проценти од граѓаните на Општина Карпош, ја даваат довербата на Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски, предложен од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ.
Анкета покажува дека кандидатот за градоначалник на Општина Карпош предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Оливер Зафировски, се наоѓа на второ место со 25,4% проценти доверба кај граѓаните.
35,3% проценти од анкетираните граѓани на Општина Карпош се изјасниле позитивно за советничката листа предложена од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, наспроти 24,9% проценти доверба од граѓаните за советничката листа предложена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
Од истата анкета може да се утврди дека 41,9% проценти од испитаниците, сметаат дека работите во општина Карпош се одвиваат во правилна насока, а 17,4 проценти сметаат дека урбанистичкото планирање и уредевање на општината е главниот проблем со кој се соочува општина Карпош.
Целокупната анализа од направената анкета покажува дека доколку изборната кампања продолжи во оваа насока кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски, предложен од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ ќе победи во првиот изборен круг на локалните избори за 2021 година.