ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Петицијата за промоција на правата на сексуалните работници -мигранти е сѐ уште во тек со поддршка од над 100 граѓански организации

October 6, 2021 12:40
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
фото: СТАР

фото: СТАР

Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната мрежа за промоција на правата на сексуалните работници -мигранти (ТАМПЕП) неодамна започна кампања по повод одбележувањето на 2 јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници, чија цел е промовирање на човековите права на сексуалните работници – мигранти. Во рамки на кампањата насловена “Европа ги заборави човековите права на сексуалните работници мигранти”, мрежата изготви Декларација со барања за промоција и заштита на правата на сексуалните работници – мигранти низ цела Европа и за унапредување на нивното здравје особено во време на КОВИД-19 пандемијата, информираат од СТАР.

Кампањата досега ја поддржале преку 100 организации со собрани 567 потписи на петицијата, меѓу кои е и нашата организација СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот.

Во Декларацијата спроведена од страна на меѓународната мрежа – ТАМПЕП, се наведени сите барања во насока на заштита на правата на сексуалните работници мигранти и нивното здравје особено во време на криза, а се загарантирани со Европската конвенција за човекови права:

  1. Гарантиран пристап без пречки до здравствени услуги и вакцини за сите, вклучително и за сексуални работници-мигранти и други потенцијално криминализирани заедници во согласност со препораките на УНАИДС;
  2. Пристап до јавни услуги и финансирање без казнување или ризик од депортација;
  3. Да се забрани користењето на пандемиските прописи за неправедно апсење, приведување, казнување и депортирање на сексуалните работници-мигранти;
  4. Да се осигура дека ниту едно лице нема да биде присилно затворено или задржано поради надминување на визните дозволи за престој поради причини поврзани со КОВИД-19;
  5. Да се ​​спроведат миграциски политики кои се инклузивни и ги почитуваат човековите права на сексуалните работници мигранти, и кои гарантираат за нивна правна заштита.

Заедницата на сексуални работници – мигранти, без оглед на статусот, имаат право на живот, слобода и безбедност како и сите други. Тие имаат право да бидат ослободени од дискриминација и да имаат соодветни услови за живот и работа.

Проследете ја кампањата на ТАМПЕП со споделување и потпишување на петицијата на следниов линк: https://tampep.eu/declaration

Кампањата може да се проследи и на следниве социјални мрежи:

https://twitter.com/tampepeu

https://www.instagram.com/tampep_eu/

 

Next Post

Шахпаска: Драчево добива нова модерна градинка за 110 дечиња, изградена според сите европски стандарди

EVN

НАЈНОВО

Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

January 25, 2026

Двајца скопјани се степале за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

January 25, 2026

СДСМ: Изолацијата на Мицкоски во Давос покажа колку му слугува на Орбан

January 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

    Викенд хороскоп со Анаис – 24 и 25 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што носат првите трилатерални разговори за Украина во Абу Даби: Москва инсистира на „Формулата од Анкореџ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто куќите во Гренланд се обоени во различни бои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканот и „Одборот за мир“ на Трамп: Кој е поканет, кој прифати, кој одби – и зошто Македонија ја нема во „периметарот“ на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Должен како Грк, сиромав како Македонец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk