ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Владата на прво, а Собранието на трето место во регионот според Индексот на отвореност, Шилегов со нов стратешки сообраќаен проект

October 7, 2021 20:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Заев уверен деке е можно решение со Бугарија до крајот на декември, во ДИК се полнат сите уреди за биометриска идентификација на гласачите со податоците од избирачките места, „Кратки нозе“ ги откриваат манипулации со предизборна анкета и дезинформации за кандидатите за градоначалник на Скопје

ПОЛИТИКА

Владата на Северна Македонија е прворангирана во регионот според Индексот на отвореност на собранијата и централните власти и исполнува 83,43 проценти од поставените критериуми за отвореност,  а од парламентите Собранието е на трето место со исполнетост од 68,15  проценти од поставените критериуми.

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека не се задоцнети евентуалните активности за замрзнување на цените на основните производи и вели дека не се точни предвидувањата дека до крајот на годинава тие ќе поскапат за околу 50 проценти.

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги претставија резултатите од процесот на системска дигитализација на судството.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека денеска се стигнати уште 600 уреди за биометриска идентификација на гласачите, а утре ќе дојде и последниот камион со уште 1.000. Во моментов во ДИК се полнат сите уреди за биометриска идентификација на гласачите со податоците од избирачките места.

Фото: МИА

МВР има укажувања, а и постапувања каде што се прекршени материјалните права на авторите и на издавачите на учебници, изјави министерката за образование и нака Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање дали МОН е информирано дека во некои книжарници се продаваат комплет учебници за четврто одделение за кое од оваа година треба да се употребуваат дигитални.

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека може да се изнајде решение со Бугарија до крајот на декември затоа што, како што нагласи, тоа е можно, затоа што различностите не ни се толку големи и имаме должност да отвораме иднина, а не да бидеме заглавени во минатото.

Осуда за физичкиот напад врз првиот човек на регулаторната комисија, Марко Бислимоски, пристига и од премерот Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да ја политизираат несреќата и ги злоупотребуваат чувствата на семејствата на починатите во тетовската модуларна болница во дневно политички цели на крајно низок и неморален начин, велат од СДСМ.

Во 5-тата епизода на „Кратки нозе“, откриваме манипулации со предизборна анкета објавени на порталот Прес 24. Ќе ви откриеме и дезинформации за кандидатите за градоначалник на Скопје и скопскиот маратон на ТВ Сител, како и невистинити предизборни ветувања од кандидатот Петар Георгиевски-Камиказа.

ИЗБОРИ

Поранешниот градоначалник Коце Трајановски имаше цели осум години да изгради нешто значајно за Скопје. Најголем капитален проект на ВМРО-ДПМНЕ беше уништувачкиот проект „Скопје 2014“, од кого залудно сега бегаат и Коце Трајановски и Данела Арсовска, соопштуваат од СДСМ-Скопје.

Skopje 2014, Mass building site – by Deian Vladov / HBS / licence: CC-BY-NC-ND 2.0

Бесрамно е учеството на Данела Арсовска на дебата на тема „социјално и економско зајакнување на жените“ на „Текстилијада“ во Штип. Данела Арсовска беше противник на социјалното и економско зајакнување на жените преку зголемување на минималната плата на текстилните работнички.

Сообраќајот во Скопје до 2024 ќе доживее целосна трансформација. Мастерпланот кој содржи повеќе крупни сообраќајни решенија на неколку локации, а вчера го презентираше градоначалникот Петре Шилегов, од корен ќе го променат начинот и брзина на кој скопјани ќе патуваат низ главниот град.

„Независната“ Данела Арсовска да престане да глуми жртва. Против Данела Арсовска никој не води црна кампања. Спотовите во кои се демантираат лажните тврдења на Арсовска не се никаква црна кампања, реагираат од СДСМ-Скопје.

Програмите на нашите кандидати за градоначалници го содржат најдоброто за секоја општина. Најдоброто за вашата општина ќе го најдете во нашите конкретни, реално остварливи проекти.

СВЕТ

По непријатностите што во изминатите два-три дена ги имаа поранешниот британски премиер Тони Блер, украинскиот претседател Володомир Зеленски, чешкиот премиер Андреј Бабиш и редица други светски лидери, монарси, шеици, светски ѕвезди, кои мораа да даваат јавни одбрани од сериозните обвинувања изнесени во документот „Pandora paper’s“ на Меѓународниот истражувачки конзорциум од преку 150 светски медиуми и 600 новинари, вчера на тапет се најде и црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

ПАНДЕМИЈА

Најголемиот ризик за трансмисија е меѓу невакцинираните, за кои е поверојатно да заболат и да го пренесат вирусот. Ниту една одобрена вакцина против ковид-19 не е 100 отсто ефикасна.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.458 дози вакцини, од кои 873 се аплицирани како прва доза, 2.513 се ревакцинирани, а 72 граѓани примиле трета доза вакцина.

Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија денеска до Министерството за здравство/Институтот за јавно здравје достави пет носачи на вакцини и 1250 тестови и реагенси за секвенционирање на вируси, во рамки на тековниот одговор на КОВИД-19.

В.К

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тричковски стави крај на својата играчка кариера

May 14, 2025

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

May 14, 2025

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk