„Независната“ Данела Арсовска да престане да глуми жртва. Против Данела Арсовска никој не води црна кампања. Спотовите во кои се демантираат лажните тврдења на Арсовска не се никаква црна кампања, реагираат од СДСМ-Скопје.
„Наместо да се жали за непостоечки напади и измислени црни кампањи, Арсовска да се одважи и да излезе на ТВ дебати со Шилегов од кои упорно бега.
Перманентна црна кампања води ВМРО-ДПМНЕ против Петре Шилегов, со клевети, инсинуации и измислени афери“, пишува во париското соопштение.