Младинската невработеност од 43,2 проценти во 2015 година се намали на 28,3 проценти во вториот квартал на 2021 година, ревакцинирани 44% од полнолетните граѓани во државата, Белчева за Фронтлајн тврди дека не е поврзана со промената на спорниот ДУП изгласан од ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА
Зоран Заев и градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов, остварија средба со раководството на словенечката фабрика „ТАБ МАК“ за оловно-киселински акумулатори. Во фокус на разговорот беше новиот инвестициски циклус на „ТАБ МАК“ од Пробиштип, во вредност од 30 милиони евра, што подразбира зголемување на капацитетите во производство на стартер батерии.
„Јавно демантирам дека јас или кој било член на моето семејство е поврзан со промени на ДУП-от во 2012 година“, вели за Фронтлајн, Јана Белчева, носителката на независната листа „Шанса за Центар“, за која се тврди дека имала директна корист од спорен ДУП изгласан од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за плац во Долно Водно.
Денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ја пoсетија локацијата кадешто во тек е рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин.
На втората сесија од министерскиот состанок за животна средина на Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ) во Трст, Италија, министерот Насер Нуредини се осврна на предизвиците во управувањето со трите речни сливови и трите природни езера кои Република Северна Македонија ги дели со своите соседи.
Воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз во Скопје претставува огромен исчекор во унапредување на јавниот превоз на патници во градот. Системот за брз автобуски превоз е нов тип на јавен градски превоз, со физички издвоена траса за автобусите, со станици од затворен тип, со приоритет на сигнализираните раскрсници, паметни билети, АВЛ и информации за патниците во реално време.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се обрати на седмиот по ред Форум за поврзување, (Tirana Connectivity Forum), кој се одржува во Тирана, под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“, а на кој се дискутираше за Економскиот и инвестициски план на Европската унија за земјите од Западен Балкан.
ИЗБОРИ
Заев од Радовиш рече дека Владата на Северна Македонија инвестира во нашиот народ, не инвестира во споменици, златни огради или лева рака десен џеб.
Трајно оградување на тревниците кои се користат за паркирање, обновување на системите за наводнување, дополнување на зелените површини и нивно одржување се дел од проектите за кои вчеравечер кандидатот за градоначалник од СДСМ Горан Герасимовски ги претстави пред граѓаните во Буњаковец.
Пријавувањето до општинските изборни комисии за гласање на болните и немоќните завршува утре (9 октомври на полноќ), додека рокот за лицата со Ковид -19 или во самоизолација е до 11 октомври на полноќ.
Граѓаните многу добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ трошеше стотици милиони евра за „барокно Скопје“, а не на инфраструктурни проекти. ВМРО-ДПМНЕ не градеше подземни сообраќајници и булевари, зашто приоритет им беше „Панорамското тркало“ и „Панорамската кула на Водно“, се вели во соопштението од скопската градска организација на СДСМ.
Како и секогаш, гласачите ќе бидат на голема мака да донесат информиран избор на 17 октомври кога ќе можат да го искористат своето фундаментално право, правото на глас, на слободни, фер и демократски избори.
Носев крупни одлуки кои се препознаени и дома и во целиот свет, имавме признание од сите земји, дома бевме македонци, а секаде бевме ФИРОМ, пријатели сме со сите соседи имаме лична карта во ОН, каде пишува македонци и македонски јазик, денеска сме членка на НАТО.
ПАНДЕМИЈА
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.
ФРОНТ
Некако вообичаено, изјавата на госпожа Ангела Меркел на Брдо кај Крањ треба да се земе како најверодостојно толкување на проблемот на ЕУ и на Западниот Балкан со Бугарите: „Се надевам дека проблемите ќе бидат надминати. Како што знаете, во Бугарија тоа сега не е возможно, бидејќи наскоро ќе се одржат парламентарни и претседателски избори, така што во овој контекст сега е невозможно да донесете брзи одлуки.“
Бугарскиот претседател Румен Радев порача дека членството на Северна Македонија е многу важно за регионот, но објасни дека суштината на проблемот е „системската дебугаризација“ која се спроведува во земјата.
В.К