ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Белчева за Фронтлајн тврди дека не е поврзана со промената на спорниот ДУП изгласан од ВМРО-ДПМНЕ

October 8, 2021 18:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Јавно демантирам дека јас или кој било член на моето семејство е поврзан со промени на ДУП-от во 2012 година“, вели за Фронтлајн, Јана Белчева, носителката на независната листа „Шанса за Центар“, за која се тврди дека имала директна корист од спорен ДУП изгласан од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за плац во Долно Водно.

Во текстот под наслов Поборникот за транспарентни ДУП-ови, Јана Белчева имала директна корист од спорен ДУП изгласан од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за плац во Долно Водно?! што го пренесоа неколку интернет портали, се поставува прашањето:

Дали и колку се искрени намерите на носителката на советничката листа на „Шанса за Центар“ Јана Белчева Андреевска за развој на општината или пак зад нејзината, како што вели, независна кандидатура стојат политичко-партиски интереси?!

Понатаму, се проблематизира дека таа и нејзиното семејство имале корист од спорно донесен ДУП и противзаконски Одлуки на Советот на општината кои датираат од 2014 година:

„Иако Белчева ветува поголема транспарентност при носењето на ДУП-овите и ставање крај на урбанистичкиот хаос во општината, според информациите до коишто дојдовме, самата Белчева најверојатно ја има „мувата на капата“ кога станува збор за придобиена градежна корист од спорно донесен ДУП и противзаконски Одлуки на Советот на општината кои датираат од 2014 година. Поточно, на име на членови на нејзиното најтесно семејство, односно мајката на Белчева, во Катастарот е впишана сопственост на имот на градежна парцела во Долно Водно, која во 2012 година општината ја впишала како градежна парцела за објект со домување со посебен режим, чија дозволива бруто изградена површина изнесува 535 метри квадратни.“

Снимка од екран од порталот Бриф.мк

Исто така, во написите во неколку медиуми, се тврди дека само по две години, овие 535 метри квадратни во сопственост на семејството Белчеви се удвојуваат, па така, со Одлука на Советот на Општина Центар бр. 07-4414/4 од 18.07.2014 на оваа иста катастарска парцела ѝ се овозможува бруто изградена површина од 988 метри квадратни.

Снимка од екран од порталот Бриф.мк

„Ваквата Одлука на тогашниот Совет на општината, со која директна корист има семејството Белчеви, не е донесена во согласност со Законот за локална самоуправа, каде категорично е наведено дека ваква одлука се носи со мнозинство гласови од советниците. Знаејќи го фактот дека Општина Центар брои 23 советника, логично е потребно мнозинство да изнесува дванаесет гласови за одлуката да биде усвоено. Спорната одлука за овој ДУП за Градска четврт Ј07 од 2014 година, каде е парцелата на Белчеви, односно прописот на Советот на општина Центар, е „донесена“ со 11 гласови „ЗА“, односно со поддршката на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, наспроти исто толку 11 гласови „ПРОТИВ“ , од советничка група на СДСМ.“, се наведува во објавениот текст.

Тогашниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, како и министерот за локална самоуправа, но и дел од експертите, меѓу кои и уставната судијка  Наташа Габер Дамјановска, се сомневале во законитоста на Одлуката на Советот.

„И покрај тоа, Олуката од која директна корист има семејството Белчеви, таа сепак стапи на сила, а пак шест години подоцна токму Јана Белчева Андреевска најавува нулта толеранција кон урбанистичкото дивеење. Во меѓувреме, од мај годинава на спорната катастарска парцела сопствениците се решаваат да градат.“, се тврди во објавените текстови.

Белчева, во одговор за ФРОНТЛАЈН потврдува дека член од нејзиното семејство имал наследен имот на територија за која се донел нов ДУП, но тврди дека обвинувањата се лаги. Според Белчева, ВМРО-ДПМНЕ не би менувало урбанистички план баш за нејзиното семејство да стекне корист.

„Точно е дека член на моето семејство имал наследен имот на територија за која се донел нов ДУП, но  јавноста знае зошто беа направени промените во ДУП-от во 2012 година и дека за тоа има и судски процес кој се вика „Плацеви на Водно“. И покрај вољата на креаторите на оваа т.н. афера да ме поврзат со промените во тој ДУП, јавноста сигурно нема да поверува во лаги дека ВМРО ДПМНЕ менувало урбанистички план баш за моето семејство да стекне корист. Дотолку повеќе што имотот на членови на моето семејство не бил ниту зголемен со можностите што ги нудела таа парцела, туку е продаден таков како што го наследиле“, вели Белчева за Фронтлајн.

Таа појаснува дека ДУП за Ј07 зафаќа простор од Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо и Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, е најголемиот, но и еден од најлошо изработените планови, со многу грешки и недоречености, но и кршење на законот за урбанистичко планирање и стандардите и нормативите за планирање.

„Тој дозволува решенија за Водно за кои јавноста има многу добар поглед штом погледне кон планината. Зошто овој план Уставен и други институции го одобриле е прашање за друга инстанца.“, вели Белчева.

Носителката на советничката листа на „Шанса за Центар“, истакнува дека новиот сопственик добил дозвола за градба, но тоа ниту има некаква поврзаност со неа, ниту таа за тоа била информирана.

Таа вели дека е нејасно како за приватен проект на друг сопственик се добила документација за објавување, иако и од неа е очигледно дека предвидениот објект е многу помал од дозволените параметри.

„Откако сум советник во Општина Центар, на одлучување пред советниците беше ставен блок (дел) за тој план и во него немаше никаква промена. Тоа значи дека кога јас сум била во Советот и би можела теоретски да имам влијание за промени, тоа не се случило. На креаторите на оваа афера им порачувам дека нема да се спуштам на ниво на јавен дискурс со лаги, манипулации и лични дискредитации, а на нарачателите дека сум отворена за вистинска дебата за визија и стручни аргументи за тоа каква иднина во урбаното живење сакаме да градиме.“, наведува Белчева во својата изјава за Фронтлајн.

Институциите почнаа да го отплеткуваат Гордиевиот јазол со „Плацевите на Водно“, јавноста очекува одговори и одговорност и конечна разврска на спорните скопски ДУП-ови.

Јане Ѓорѓиоски

 

Next Post

Спасовски од Арачиново: Изградивме 60 училишта и 60 градинки, една ќе има и тука

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk