ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Будимир: Планираме инвестиции во младите таленти и силна поддршка за спортот

October 11, 2021 22:04
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалдемократскиот сојуз досега докажа дека има решенија за подобар живот за сите. Андријана Будимир – Филиповска, носителката на листа за општина Центар од СДСМ и Коалицијата, од денешниот митинг во Капиштец порача дека СДСМ вети и со конкретни проекти изгради едно општество за сите. За разлика од црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со блокади и лажни вести СДСМ, рече Будимир нуди реални решенија за побрз развој и модерна општина, подобро образование, грижа за луѓето во социјален ризик, родова еднаквост, за зелен и чист Центар.

„Ние од СДСМ ги слушаме граѓаните и им служиме. Секогаш носиме храбри одлуки за реални развојни проекти. Центарската населба Пролет ќе добие нова европска детска градинка која ќе биде изградена според најсовремени стандарди и приспособена да ги задоволи сите потреби и здрав раст и развој на децата. Се грижиме и за лицата со попреченост, затоа обезбедуваме европски стандарди и соодветен пристап. Ќе се гордееме сите со многу зеленило и со инклузивно детско игралиште. И децата од Маџир маало ќе бидат згрижени и ќе им обезбедиме најдобри услови за престој во новата градинка во Маџир маало која ние ќе изградиме. Ќе ги прошириме и модернизираме училниците и ќе ги реконструираме училиштата, бидејќи ние не инвестираме во статуи и мермер, туку во конкретни проекти кој носат подобар живот“, изјави Будимир од Капиштец.

СДСМ се грижи и вложува во повозрасните. Тие се еден од клучните приоритети рече Будимир поради што општина Центар е прва која го воведе проектот „Нега за стари лица во домашни услови“. Овој проект како многу важен потенцираше Будимир од Капиштец, ќе продолжи да се реализира и надградува. Таа исто така истакна дека модерно општество е она кое поттикнува еднакво учество на жените и мажите во процесот на одлучување и креирање јавни политики и затоа ќе има рамноправно родово буџетирање и учеството на жените во носењето одлуки. Таа најави и дека новиот општински совет ќе инвестира во спортот и културата.

„Планираме инвестиции во младите таленти и поддршка на развојот на културата и на спортот. Во срцето на градот планираме изградба на нова спортска сала на местото на стариот и запуштен објект „Работнички“, веднаш по решавање на судскиот спор. Оваа сала ќе биде општински спортски центар, отворен за сите граѓани и спортски клубови, дом на спортот во Центар. Ветуваме и  опремување на училишните спортски сали со соодветни реквизити и изградба на нови сали, опремување и одржување на отворените спортски игралишта и промоција на „уличен спорт“ како модел на рекреација на децата и на младите, финансиска поддршка на спортските клубови, стипендии за ученици спортисти“, рече Будимир.

На крај таа ја побара довербата на граѓаните за конечно реализирање на проектите.

„Отворени сме за вас, вашата помош ќе ни биде драгоцена и заедно на 17 октомври да гласаме за најдоброто. Само СДСМ и коалицијата работат за иднина, подобра и современа општина Центар. Гласајте за нас. Гласајте за број 12, за овие кандидати од најдобрата советничка листа, за Горан Герасимовски за градоначалник“, заврши Будимир.

Next Post

Од парализирани во долгови, за 4 години општините се раздолжија и реализираа 7.000 проекти

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk