ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕК: Договорот со Форнтекс не може да се потпише, Бугарија одбива да го потпише поради јазичната клаузула

October 11, 2021 13:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Европската Комисија за МИА потврдија дека договорот за управување со границите помеѓу ЕУ и Северна Македонија останува блокиран од страна на Бугарија затоа што оваа земја не го признава македонскиот јазик, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Договорот со агенција на ЕУ, позната и како Фронтекс, е заглавен три години, Бугарија одбива да го потпише поради јазичната клаузула.

Овој договор, потпишан со останатите земји од регионот, треба да и овозможи на ЕУ во случај на бегалска криза, на пример, да распореди свои полициски офицери на македонската граница, заедно со домашната полиција.

Во услови на стравувања во Европската Унија поради состојбата во Авганистан, договорот со Северна Македонија сепак останува непотпишан затоа што Софија не ја прифаќа клаузулата на крајот на документот каде се наведуваат јазиците на кои е потпишан.

Сите други земји ја имаат оваа клаузула каде се наведени јазиците, во случајот на Босна и Херцеговина се наведени сите три официјални јазици. Но, Бугарија бара да стои „јазиците на страни потписнички“, што е неприфатливо за македонската страна, бидејќи Северна Македонија би била во тој случај единствена земја за која не е наведен јазикот.

Од правен аспект, како што објаснуваат во Брисел, непотпишувањето на договорот со Фронтекс значи дека доколку утре се случи нова бегалска криза како во 2015, Европската Унија нема правна основа да распореди свои офицери на македонската граница. Северна Македонија има неколку билатерални договори со земји членки на ЕУ со кои им се дозволува на полицајците од овие земји да патролираат заедно со македонските, но европските полицајци немаат извршни надлежности, велат дипломатите во Брисел кои работат на оваа тематика.

За дипломатите во ЕУ е неразбирливо да се држи во заложништво договор како Фронтекс поради билатерален спор околу македонскиот јазик и се потсетува дека сѐ додека договорот не е потпишан, Северна Македонија нема законски обврски кон граничната агенција на Европската Унија.

На прашање на МИА, од Европската Комисија одговорија дека чекаат Софија и Скопје да го надминат спорот.

-Договорот не е сѐ уште на сила бидејќи преговорите продолжуваат. Референците за македонскиот јазик се единствената пречка за потпишувањето на договорот со Фронтекс. Комисијата ги охрабрува Бугарија и Северна Македонија да изнајдат заеднички прифатливо решение, изјавија од портпаролската служба на Европската Комисија за МИА.

Next Post

Француско истражување покажува дека вакцините се 90% ефикасни против тешки форми на Ковид-19

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk