ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Арсовска заглавена во скандал од 54 илјади евра, никој да не се меша во нашата политика, не се очекува нов бран на вирусот

October 13, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев вчера одговарајќи на новинарско прашање во врска со Декларацијата на македонските организации рече дека сите правата треба да ги бараат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, напоменувајќи дека не е европски, ниту добрососедски и пријателски, ние да се инволвираме во тоа што се случува во Бугарија, ниту пак сакаме некој да се инволвира кај нас. Фирмата на Данела направила долг од 3,3 милиони денари  или 54 илјади евра. Не се очекува нов бран на корона вирусот.

ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ

Откако македонските организации во Бугарија издадоа Декларација во која ја осудуваат, како што наведуваат, континуираната политика на негирање, дискриминација и асимилација водена официјално против Македонците во Бугарија, денеска организациите на Бугарите во земјава упатиле апел до бугарските политички лидери со барање за „заштита на нивните права“.

„Независната“ кандидатка со кампања дебело финансирана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска продолжува во јавноста да шири неинформираност и непознавање на законите, мислејќи дека некој може да продаде јавен имот и парите да ги снема. Тоа можеби некогаш и можеше да се случи, кога владееше нејзиното ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Стационарот за бездомни кучиња – Лајка, објави видео клип на кој се гледа како куче се обидува да ја прескокни надворешната ограда и да се врати во стационарот. Данела Арсовска, пак, кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМО-ДПМНЕ, го игнорира постоењето на стационарот Лајка.

После повеќе од година и половина период на пандемија, од денешна перспектива можам да кажам дека здравствената криза го забрза значително процесот на дигитализација на образованието и Република Северна Македонија е горда на постигнатите резултати. Спроведуваме постепена трансформација не само во делот на онлајн наставата, туку и во дигитализирање на учебниците и на услугите во образованието, истакна Царовска.

Исчекор во пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ уште за словенечкото претседателство, очекуваат Пендаровски и Сантош Силва. Во оваа насока, се додава, Пендаровски истакна дека поддршката од Португалија во процесот на нашето пристапување кон Европската Унија, пред се во областа на заштитата на животната средина, реформите во администрацијата и земјоделството е добредојдена.

СКАНДАЛИ

Документи кои се доставени до нас откриваат голем скандал поврзан со  кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Нејзина фирма „Империал – Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империал ДООЕЛ увоз извоз Скопје“ во кои таа била управител и сопственик, со години под закуп ја има спортската сала Расадник во Кисела Вода, изјавија на денешната прес конференција од СДСМ.

КОМЕНТАРИ

Дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае да понуди ништо ново туку само препишува од идејните решенија на СДСМ докажува и неговата најава на иновативни решенија за гасификацијата на земјава, проект кој премиерот Зоран Заев го спроведе како градоначалник на Струмица уште во 2012. Мицкоски најави изградба на маалски резервоари, кои посебно градско претпријатие ќе ги полни.

ПАНДЕМИЈА

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не очекува во следниот период да има силен бран на Ковид-19, но оти состојбата постојано се следи и ќе се преземаат мерки согласно нејзиниот развој. Тој нагласува дека засега не се размислува за воведување задолжителна вакцинација, но оти ништо не е исклучено и се ќе зависи дали досегашниот опфат ќе продолжи и натаму да ги намалува бројките. Тој апелира граѓаните да бидат внимателни и лекувањето во домашни услови да го препуштат единствено на матичниот лекар.

ПРАВДА

Кривичниот суд Скопје денеска ја потврди првичната казна од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соизвршителство на убиството на Пинета Секондо-Пино. Судскиот процес за овој предмет од страна на Апелациониот суд Скопје, беше вратен на повторно судење заради вештачењата. Во повторното судење вештачењата беа разјаснати од самите вештачи.

М. М.

Next Post

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Бутел е осуден насилник

Најново

Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

Мицкоски на отворањето на Спортските игри за млади: Спортот е иднината на Македонија, Владата ќе продолжи со силна поддршка

May 8, 2026

Жерновски: Мицкоски клечеше и лажеше за Преспанскиот договор за да дојде на власт, а сега има амнезија

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk